Битолчанец изработи „паметни“ роботи: „За изработката на еден робот потребни се од 100 до 500 евра, во Македонија тешко се наоѓаат материјали“
Колку пари чини изработката на еден робот?
Многу зависи од какви сензори и каков ембедед компјутер ќе искористите за изработката.
Материјалите севкупно може да чинат од 100 до 500 евра.
Сè е во зависност на колкави можности ви требаат и кои сензори. Како на пример лидар сензор чини скоро 100 евра, но тој не е неопходен за работа.
Колку време ти беше потребно за да го изработиш Рикардо, а колку Гравис?
Рикардо го почнав околу мај во 2020-та година. Го изработував преку цело лето, но со подолги паузи. Кога ќе ми текнеше нова идеја ја имплементирав.
Гравис е сè уште во рана фаза. Неговата изработка започна околу ноември 2021-та година. Изработката е со паузи бидејќи работа и факултет знаат да одземат доста време.
Како реагираат луѓето кога ќе видат на улица некои од твоите роботи? Кои се најчестите прашања што ги добиваш за нив?
Доста се заинтересирани кога ќе ги видат роботите. Прашуваат најчесто што можат да прават, како сум ги изработил, колку чини еден таков робот.
Дали сметаш дека во Македонија има иднина за млади луѓе што се занимаваат со роботика?
Моментално не. Но тоа мислам дека зависи многу од нас и дека не треба да чекаме некој магично да го реши тој проблем.
Роботите ги направив open-source со цел да заинтересирам повеќе луѓе да почнат со изработка на нивни роботи.
Доколку повеќе луѓе започнат со изработка на роботи кои решаваат некој проблем и се развие заедница, тогаш сметам дека можеме да создадеме иднина.
Кои се твоите планови за иднина?
Не сум сигурен дали ќе биде тоа во странство или во Македонија, но дефинитивно ќе е поврзано со роботика и иновативни технологии.
Во моментот планот ми е Рикардо и Гравис да ја кренат иницијативата за роботика во Македонија.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело