Агнеса Органџиева: „Чуваме кралски питон, еднаш ни исчезна дома и 2 недели не ни доаѓаа гости од страв“
Со што се храни змијата? Пие ли вода?
Ја храниме со специјални стаорци што се исклучиво само за рептили. Ја раниме на 2 недели и нормално пие вода.
Сте имале ли некој немил настан со неа?
Немил настан имавме пред 2 месеци кога ни избега случајно и ја немаше цели две недели, на крај ја најдовме на тераса.
Е додека ја немаше немавме ни гости дома, се плашеа да доаѓаат.
Сака ли галење? Кој член од семејството ѝ посветува најмногу внимание?
Змија како змија не може да чувствува љубов, затоа кога ние ја галиме, таа не знае за што се работи.
Најмногу внимание и посветува поголемата ќерка Вивиен, тоа е нејзин миленик.
Змијата како домашен миленик ви се допаѓа затоа што...
Змијата ни се допаѓа зошто е сосема нешто невообичаено, нешто многу интересно, различно… возбудливо за чување.
Што би им препорачале ли на вљубениците во змии, дали се соодветни за домашни миленици?
На змиите им требаат специфични работи за да можат да опстанат. Има луѓе што сакаат да чуваат, ама има и луѓе што не се спремни за ваков миленик. Ако имате доволно храброст и без предрасуди дека го носи името змија, тогаш за секој би била соодветен миленик.
Прочитајте и На гости кај Агнеса Органџиева: Стан во Скопје од 90m2 со уметничко дело на плафонот (фото)
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело