Трајче Китановски: „Чувам птица грабливка - јастребот Хари го хранам со месо и постојано сме на кејот на Вардар“

Колку е трошок на месечно ниво да се чува јастреб?

Трошок? Хммм, па искрено не е малку, но не би сакал да лицитирам со бројки за да не би се откажале оние кои сакаат допрва да почнат да се занимаваат со соколарство.

Морам да напоменам дека тука имаме голема поддршка од општината и од градоначалникот на општина Карпош кои несебично се вложија и помагаат да не ни недостасува ништо на нашиот соколарски клуб, кој е во фаза на регистрирање.

Многу наскоро токму на територијата на мојата општина Карпош ќе почне да се гради соколарски центар кој ќе има за задача едукација на најмладите наши жители, како и предавања за оние идни соколари, а секако и најхуманата работа, третман на повредени птици грабливки кои се наше природно богатство.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-17.jpg

Ти се занимаваш со соколарство... Што значи тоа?

Соколарството по дефиниција подразбира лов со издресирана птица грабливка во координација со издресирано куче.

Соколарството е начин на живот и никако не може да се смета како хоби. Старо е 4.200 години и е најстарата гранка во ловот. Уште пред лакот и стрелата постоело соколарство.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-23.jpg

Зошто не можеш да си го замислиш денот без Хари?

Денот без Хари? Да, навистина не можам да си го замислам. Има денови кога врне, дува ветар и е ладно, е тогаш сум како болен легнат и иако не одиме никаде повторно сме заедно. Или одмoраме дома гледајќи филм или правиме џампови за да би се одржале во кондиција и физичка спремност.

Едноставно, презабавно ми е со него, посебно уживам кога сме во планина меѓу сета таа недопрена природа и откриваме нови работи, јас сум голем вљубеник во природата, па затоа и некако се споив со соколарството.

На пример еднаш непланирано со Хари најдовме во сред шума напуштена куќа, замислете кога не сме во можност да излеземе и да шетаме колку само ни фалат тие случувања. Вакви случки имаме мал милион, а една од најчудните е што откривме дека денешното корито на реката Вардар пред многу години било многууу поголемо, на 500 метри од реката најдовме школки во еден запуштен дол... Прекрасни школки што и ден денеска ми го красат домот, школки што некогаш биле живи.

Нашиот ден кога е сè како што треба, прво се мериме на соколарската вага за да видиме дали сме на посакуваната грамажа, па доколку сме се договарале каде ќе соколариме, одиме на терен и уживаме. Хари повеќе го интересира пленот, а мене овие работи кои ви ги кажав и секако нови истражувања.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-15.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-26.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-04.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-40.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-39.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-36.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-34.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-32.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-30.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-19.jpg

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-06.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

фото: Ивана Батев, Јосиф Трајкоски, Мартина Салова Чешновар, Александр Мицевска, Анте Јосифовски



Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Јован и Никола имаат бурекчилница во Австралија: „Продаваме скоро 30 вкусови на бурек, ама најбарани... „Бизнисот го наследивме од прадедо ни. Имаме многу популарни вкусови надвор од н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg