Трајче Китановски: „Чувам птица грабливка - јастребот Хари го хранам со месо и постојано сме на кејот на Вардар“

Сака ли да застанува кај други луѓе на рака? Зошто е потребно да се носи ракавица?

Секако дека да, тоа може впрочем да се види и на музичките спотови во кои досега бил главен лик дека нема никаков проблем со долетувањето на ракавица на друг човек, но нормално мора јас да сум во близина и да му дадам знак.

Соколарската ракавица служи за да не би настанале несакани повреди кои како што кажавме се можни при наше невнимание. Прво што би набавиле од соколарска опрема тоа треба да е соколарска ракавица, а потоа и сè останато.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-28.jpg

Прави ли нечистотии дома?

Не, не прави никаква нечистотија доколку убаво му се испланира био – системот.

Ниту прави нечистотија, ниту мириса, освен во случаеви кога ќе улови нешто и се направи целиот со крв или влезе во Вардар како што било случај многу пати досега ловејќи плен да влезе и плива со пленот во канџите, па тогаш мораме дома да се тушираме за да би биле чисти.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-33.jpg

Ти избегал ли некогаш?

Во овие 3 години секако дека заедно сме доживеале многу згоди и незгоди, па така и тој има преспиено надвор, а и јас цела вечер мислејќи каде е и дали утре дента повторно ќе се најдеме.

Не ми избегал, тоа е невозможно кога станува збор за Хари, но како што кажав се имам вратено дома без него, а за заемна среќа утрето го имам најдено токму на истото дрво каде сме се виделе последен пат како стои и ме чека.

Тоа се случува кога нешто ќе улови, а јас тие 10тина секунди нема да погледнам на дрвото каде стоел мислејќи дека е таму и ќе се загледам на друго место, а на него доволно му е тоа време за да улови нешто и доколку улови, а јас не видам каде паднал со пленот нема наоѓање. Освен доколку нема ставено телеметрија или ѕвонче.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-41.jpg

Како изгледа дресирањето на еден јастреб?

Станува збор за разноразни фази на тренингот, а тоа е долг и макотрпен процес на дресирање на нашата птица, кој може да трае и до 30 -35 дена.

Се почнува со врзување на птицата на правилен соколарски начин, потоа ја учиме птицата да застане на ракавица, па почнува процесот на припитомување и смирување на птицата со капа – систем, па тренинг на послушност, па доаѓање на ракавица, на мамило, социјализација со луѓе (животни) за на крај да се заврши со симулиран лов.

Сите ние соколари имаме различен пристап кон птицата и се разликуваме по многу нешта, некои работи на еден, а некој на друг поинаков начин што не значи дека некој е во право, а другиот не.

Најдобар доказ како и дали сме успеале да ја спремиме нашата птица е самата птица и ловот. Оној момент кога прв пат ќе улови нешто диво сфаќаме дека сето тоа време што сме ѝ го посветиле не биле за џабе.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-05.jpg

Како реагираа домашните на твојата одлука да чуваш јастреб? Дали е приврзан и за некоја друга личност? Кој го чува кога одиш на одмор?

Па, знаејќи дека не ми е прв јастреб многу нормално реагираа, реакциите беа чудни пред 8 години на самите мои почетоци во соколарството, а тоа беше поврзано со тоа во какво општество живееме.

Најнапред не беа сигурни дека јас тоа вистински го сакам, потоа кога се уверија во тоа ми ја дадоа нивната безрезервна подршка на што сум им благодарен, без нивната подршка немаше да стигнам до ова ниво до каде сум денес.

Сите домашни ги распознава, кога одам на одмор мајка ми го храни ако е тоа надвор од државата, а доколку решам да останам тука, тогаш си го земам и Хари и летуваме заедно и уживаме на плажа.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-11.jpg

Колку години живеат јастребите? 

Овој вид на јастреб, американски пустински јастреб Харисон кој потекнува од Јужна Америка во просек живее 17-20 години до 25.

Најстариот е сè уште жив и има 32 години и живее во Холандија. Морам да напоменам дека овие години ги доживуваат само доколку птиците се кај соколар, а сите оние кои живеат во природа и се диви живеат драстично помалку - најмногу 10тина години.

Тоа е така од причина што доживуваат и се среќаваат со многу непријатности како што се во зима магла, нејадење повеќе од 4 дена, повреди доколку се степаат со друга грабливка и слично, а птиците кај соколар јадат секојдневно и се грижиме за секој нивен пердув и секако не им недостасува ништо.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-13.jpg

Прави ли многу врева? Има ли реакции од соседите?

Врева не прави, понекогаш кога е гладен знае да се побуни, но ретко се случува тоа. Од соседите имам разбирање, но за волја на вистината како што кажав во глобала никаква врева не прави.

trajche-kitanovski-chuvam-ptica-grablivka-jastrebot-hari-go-hranam-so-meso-i-postojano-sme-na-kejot-na-vardar-22.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Јован и Никола имаат бурекчилница во Австралија: „Продаваме скоро 30 вкусови на бурек, ама најбарани... „Бизнисот го наследивме од прадедо ни. Имаме многу популарни вкусови надвор од н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg