Каратистката Моника Стефановска: „Мажите се чудат што вака нежна девојка може да ги истепа“

Правиш ли дома вежби, која ти е омилена и сметаш дека има најголем ефект?

Секојдневно вежбам дома и се трудам да бидам фит во текот на целата година. Во домашни услови правам вежби за кои не се потребни реквизити, односно вежби со сопствена тежина.

Омилени ми се вежбите за нозе и за флексибилност, а вежби кои имаат најголем ефект се burpees, plank, склекови и стомачни.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-14.jpg

Можеш ли да си го замислиш животот без спорт?

Бидејќи се занимавам со спорт повеќе од две децении тој е веќе дел од мене и моето секојдневие. Имав можност при почеток на новонастанатата ситуација краток период да бидам тргната од спортот и сфатив дека не можам да си го замислам животот без спорт.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-04.jpg

Колку медали имаш дома?

На почетокот на мојата кариера бев многу возбудена со секој нов медал, но со текот на годините освојувањето на медали од домашни и меѓународни турнири стана сѐ почесто па престанав да ги бројам, а има толку многу што мислам дека ќе ми треба и многу време да ги избројам.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-05.jpg

Колку може да се живее од спорт во Македонија? Дали се заработува добро?

Пред некој ден излезе во јавност список на најплатени спортисти од други спортови, меѓу кои беа и македонски врвни спортисти, а цифрите беа многу големи. Има многу голема разлика во заработката на спортистите во зависност од тоа за кој спорт се работи.

За жал, каратето не е еден од тие спортови како фудбал, кошарка или ракомет, во кои може навистина многу добро да се заработи и да се живее од тоа.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-08.jpg

Најинспиративна светска спортистка и најинспиративна македонска спортистка?

Од домашните спортистки би издвоила три Наташи. Наташа Стефановска, мојата сестра  шампионка на татамите и надвор од нив, Наташа Илиевска, најуспешната каратистка во историјата на македонското карате, и Наташа Андонова нашата најуспешна фудбалерка. Овие три спортистки-шампионки се вистинска слика како еден врвен спортист треба да изгледа, да се однесува и да се избори со сите препреки во животот.

Од светските спортистки Маргарита Мамун, Олимписка шампионка во ритмичка гимнастика од Русија е девојка која што ме инспирира, мотивира и воодушевува.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-03.jpg

Да не се занимаваше со карате, кој спорт ќе го избереше?

Без размислување ритмичка гимнастика. 

Уште фотки од Моника Стефановска:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тоше Проески, Александра Шијакоска: Талентирана девојка од Скопје ги црта нашите познати личности и ... Од Тоше Проески до Калиопи и Стефан Лазаров, девојка од Скопје ги црта нашите сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg