Борче Давчевски, личен тренер: „Во карантин чувствуваме емоционален глад, самоконтролата е клучна“

Трик како да не го отвораме фрижидерот секогаш кога ни е здодевно?

Ајде да тргнеме од научен аспект. Гладот не секогаш значи дека на телото му е потребно храна. За чувството на глад е директно одговорен еден хормон наречен „грелин“ што го произведува нашето тело. Покрај низа други фактори овој хормон може да се активира и при зголемено присуство на стрес, при што тука станува збор за „емоционален глад“.

Моменталната ситуација со вирусот Covid-19 односно домашниот карантин е класичен пример за тоа. Причината за честото отворање на фрижидерот пред сѐ би ја ставил на психолошки план отколку на физички. „Самоконтролата“ тука е клучен фактор.

Научно е докажано дека гладот „напаѓа“ на интервали, односно се појавува трае краток период и се губи. Колку пати ви се случило досега да сте многу гладни, но зафатени со работа и после извесен период сосема да „заборавите дека сте биле гладни“?!

Трикови за жал нема, но доколку веќе гладот е поголем од вашата самоконтрола тогаш би препорачал да се потрудите да консумирате продукти што се со низок глихемиски индекс (зеленчук, овошје, варени јајца, вода, цедени сокови, протеински шејкови, шолја кафе- чај итн.).

borche-davchevski-lichen-trener-vo-karantin-chuvstvuvame-emocionalen-glad-samokontrolata-e-kluchna-05.jpg

Најголемите грешки на Македонците поради кои немаат фит изглед…

Ние Македонците сме познати како големи гурмани, односно сакаме вкусна храна и за жал не водиме сметка за количината.

Фактор број еден е секако лошата и неизбалансирана исхрана, јадењето на процесирана брза храна, алкохолот и газираните пијалаци.

Фактор број два е секако вежбањето. Неводењето грижа за физичката благосостојба на телото придонесува за сериозно нарушување на здравјето. Човечкото тело е комплексна машина, но во суштина функционира многу едноставно; постои влез на калории (преку храната) и потрошувачка на калории (преку базалниот метаболизам и вежбањето).

Целата „финта“ е да се пронајде балансот помеѓу овие два фактори, односно консумирање умерена, квалитетна количина на храна и редовно вежбање.

Колку време е потребно човек што не вежбал да направи дефиниција на мускулите?

Одлично прашање. Честопати новите клиенти ме прашуваат за колку време ќе ослабнам или ќе направам дефиниција на мускулите!?

За жал, на ова прашање не постои единствен и точен одговор. Како што кажав претходно човечкото тело е совршена машинерија и не можеме со сигурност да кажеме временски период кога ќе се направи дефиниција на мускулите. Низа фактори влијаат врз градењето на мускулна маса и нејзина дефиниција.

Тренинзите со моите клиенти ги базирам врз основа на индивидуален пристап, така што една тренинг програма или режим на исхрана не значи дека ќе даде ист резултат на две сосема различни индивидуи. Така што ако ете веќе морам да дадам временска рамка кога би почнале да се гледаат и чувствуваат резултати, би рекол грубо после третиот месец од вежбањето.

borche-davchevski-lichen-trener-vo-karantin-chuvstvuvame-emocionalen-glad-samokontrolata-e-kluchna-03.jpg

Која е тајната на затегнатиот стомак?

Стомачните мускули се едни од најважните мускули во нашето тело и претставуваат столб и симбол на здравото и фит тело!

Со старото добро познато правило: „Стомачните се прават во кујна“ не би се согласил сосема. Јас би кажал вака: Стомачните се добиваат со тренирање, а се прават „видливи во кујната".

Старото правилото некако ме потсетува на тоа дека стомачните се веќе „готов производ“ што само чека да се намали процентот на масти на телото за да бидат видливи. Во суштина тоа е така, меѓутоа без соодветен тренинг на центарот на нашето тело, без посебно да се посвети внимание на секој дел од стомачните мускули, почнувајќи од јадрото и (transversus abdominis, internal/external obliques), rectus abdominis -стомачните или по познати како „Six-Pack“ ќе служат само за „сликање“.

Колку пати неделно е доволно да се вежба?

Сѐ зависи од тоа која е вашата цел. Дали вежбате со цел да постигнете одредено нешто или вежбате за да ослабете или да качите на мускулна маса или само да ја подобрите општата кондиција и слично.

Генерално би рекол дека 3 пати неделно е некој минимум за да имаме пред сѐ здравствен бенефит од вежбањето.

Најголемата грешка во исхраната е…

Не водењето сметка за внес на квалитетна храна и бројот на внесени калории.

Во просек на човечкото тело му се потребни 2.000-2.500 калории дневно за да ги извршува метаболистичките процеси и да функционира нормално.

Честопати оваа бројка од 2.000 калории е двојно надмината на дневно ниво, и тоа не е којзнае колку страшно, меѓутоа доколку се случува редовно телото веднаш ќе реагира и ќе ве „награди“ со вишок на килограми.

borche-davchevski-lichen-trener-vo-karantin-chuvstvuvame-emocionalen-glad-samokontrolata-e-kluchna-12.jpg

Има ли денови кога не ти се вежба? Како се инспирираш тогаш?

Апсолутно. И мене ми се случуваат такви денови кога телото ми вели дека денес не е ден за вежбање и не форсирам.

Еден тренинг нема да промени скоро ништо, како што ни еден лош оброк нема да не направи дебели. Фитнесот е начин на живот, не е дестинација. Во истрајноста е клучот.

Нашето тело реагира на континуирани навики што ги правиме секојдневно. Секогаш моите клиенти ги советувам да го „слушаат“ своето тело што им говори. Тој совет го применувам и врз себе. Во таквите денови гледам максимално да се одморам, да прочитам нешто ново од фитнес индустријата и да ги наполнам батериите.

Дали вежбањето е тренд и полека станува стил на живот во последно време?

Во последно време на мое големо задоволство забележувам, особено на социјалните мрежи дека на вежбањето му се обрнува вниманието што го заслужува. Од друга страна пак и сум малку иритиран од фактот што во денешно време со гледање видеа од Youtube и скоро никакво стручно познавање во оваа област голем број личности се декларираат како професионалци и лични тренери.

Целта на сите ние што се занимаваме со оваа проблематика наречена фитнес треба да биде насочена кон освестување на луѓето околу нас кои се придобивките, а кои се последиците од физичкото вежбање/невежбање, односно да се потрудиме да го наметнеме ставот дека без разлика колку и да сме зафатени со работа и другите секојдневни обврски, вежбањето никако не смее да се запостави!

borche-davchevski-lichen-trener-vo-karantin-chuvstvuvame-emocionalen-glad-samokontrolata-e-kluchna-13.jpg

Што според тебе треба да поседува еден личен тренер?

Според мене еден личен тренер треба да биде фузија или спој на повеќе физички, когнитивни и интелектуални способности.

Најкруцијално од сѐ би рекол - знаење, односно соодветно образование и желба за континуирано усовршување.

Без основата, односно сржта да се познава човекот како антрополошко-биомеханичка единка, не може да се биде комплетен фитнес тренер.

Втора работа што треба секој тренер да ја поседува е умешноста како да го пренесе и имплементира своето знаење врз клиентот. Мислам дека залудно би било сето знаење на светот доколку немаш умешност и пристап како да го пренесеш врз другите.

Третата и последна работа што би ја посочил е: Не можеш да бидеш фитнес тренер, а да изгледаш како да ти е потребен еден! Тоа што го работиш треба и да го претставуваш.

Доколку не се грижиш за своето тело како фитнес тренер, имаш вишок на килограми, односно правиш сѐ што им кажуваш на твоите клиенти дека не треба како тогаш да ја добиеш нивната доверба?!

И мора да кажам дека мило ми е што постојат личности како деканката Проф. Ленче Алексовска од „Факултетот за физичка култура спорт и здравје“, која со својата пожртвуваност и заложба преку нови едукациски програми се труди да го имплементира и подигне квалитетот на физичкото образование во сите образовни институции, започнувајќи од најмалите возрасни категории.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...
Јован Јованов за CRNOBELO: „Во Канада немам пријатели како тука, но државата има свои предности“ „Малку е тешко да се споиме пак со момците од „Магија“, зашто јас живеам во Кана...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Драган Спасов Дац за CRNOBELO лексикон: „Во години сум кога и јас можам да бидам нечиј идол“ „Во младоста не бев по тепањето, но знаев да се одбранам ако некој ме нападнеше,...
Полина Тасева: „Во битолското кабаре се пронајдов себеси, секое излегување на сцената е нов предизви... „На еден настап во кабарето снема струја и ние останавме во темница на сцената.&...
Маја Кикириткова за родниот град: „Во Штип како дете по цел ден бев надвор со сендвичот, а најмногу ... „Во моите сеќавања Штип е многу поразличен од тоа што е денес. Додека јас живеев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg