Жаклина Герасимовска, маркетинг менаџер на KFC Македонија - „Полковникот Сандерс имал 1.009 обиди пред да го создаде совршеното KFC пилешко“
- Детали
- понеделник, 30 декември 2019
За да „ѕирнеме“ во вкусниот свет на KFC Македонија, поразговаравме со Жаклина Герасимовска, маркетинг менаџер на брендот кој бележи само успеси.
Ни откри колку пати Полковникот Сандерс требало да се помачи за да ние денес да го имаме највкусното крцкаво пилешко, што најмногу нарачуваат Македонците, но и што може да очекуваат љубителите на KFC во следниот период.
Колку е стар рецептот за KFC пилешкото?
Рецептот за подготовка на пилешкото на ланецот на ресторани KFC e стар околу 80 години.
Импресивна е приказната на основачот на KFC, полковникот Сандерс, кој иако на почеток имал бројни неуспеси и бил одбиен дури 1.009 пати за рецептот пред да го добие првото „да“, денес KFC е еден од најпознатите брендови во светот. Заедно со Coca Cola се единствените брендови во прехранбената индустрија кои имаат тајни рецепти.
Дали и што се има променето од тогаш до денес?
Од самите почетоци до денес задржана е истата формула и целосно автентичниот начин на „hand-made“ подготовка, т.е секое парче е директно исконтролирано и подготвено од вештите раце на нашите шефови во кујна според јасно дефинирани стандарди. Сите состојки, вклучувајќи го и легендарниот рецепт со 11 билки и зачини, се дел од секој специјалитет со цел да се задржи препознатливиот вкус на KFC било каде во светот.
Кој е првиот KFC специјалитет некогаш послужен во светот?
Првиот и најпознат специјалитет е “Original Recipe” т.е. подготовка на парчиња пилешко месо со коска на оригинален начин. По него се воведени препознатливите “Hot Wings” (лути крилца), “Crispy Strips” (крцкави парчиња бело месо), пилешко филе и различни форми на послужување на пилешкото, како на пример во кофичка, во бургери, врапови и слично.
А, кога е послужена првата кофичка пилешко?
Препознатливата кофичка (Bucket) која е главната асоцијација на KFC е послуженаво 1957 година, дури 27 години по отворањето на првиот KFC ресторан.
Зошто пилешкото на KFC важи за највкусно и најдобро приготвено?
Самиот процес на подготовка е доста уникатен и поминува доста ригорозни глобални стандарди за квалитет на храната. Основниот стандард кој мора да го задоволи секое парче пилешко е “Golden Chicken standard” кој подразбира дека секое парче месо мора да биде подготвено на ист начин и да биде секогаш свежо и крцкаво. За најкрцкаво, сочно и вкусно уживање, KFC специјалитетите е најдобро да се консумираат во период од 90 минути.
Низ какви процеси поминува месото пред да биде послужено?
Откако ќе го добиеме пилешкото месо од сертифицирани добавувачи, секое парче месо поминува низ посебна техника на одмрзнување и рачно маринирање и бредирање (процес сличен на поховање) при што се додава тајниот рецепт со 11-те билки и зачини. Потоа, секој тип на месо се става во посебна фритеза под притисок на точно дефинирана температура и време кои гарантираат дека пилешкото секогаш ќе биде исто.
При процесот се користи исклучиво висококвалитето масло од сончоглед и коприва кое е ценето како мошне здраво. Подготвените производи се оставаат во посебни кабинети за складирање („Holding Cabinets“) со цел да се задржи KFC “Golden Chicken Standard” и оттаму се сервираат на нашите гости.
Три работи по кои KFC се разликува од конкуренцијата?
Пред сѐ, KFC го има вистинскиот начин на подготовка на пилешкото. Во време на константна борба за внимание, KFC се издвојува и по тоа што е секогаш оригинален, а оригиналноста се базира на неколку клучни вистини: оригиналниот начин на подготовка на пилешкото, оригиналната приказна на основачот Сандерс, оригиналната комуникација и препознатливиот слоган “It’s Finger Lickin’ Good”, и оригинално уредените ресторани.
Дополнително, на нашиот пазар нѐ издвојува и фактот што единствено кај нас потрошувачите може да го купат својот омилен оброк брзо и лесно без да излегуваат од својот автомобил и тоа во двата “Drive thru” ресторани во Скопје. Едниот ресторан се наоѓа во населба Автокоманда, во склоп на бензинската на ОКТА (после хотел Континентал), а другиот е во Point Retail Park.
Во која земја е отворена првата KFC франшиза?
Првата франшиза е отворена во Америка, во 1952 година. Она што започнало како еден ресторан денес е успешна приказна со повеќе од 22.000 ресторани во повеќе од 130 земји во светот. Интересно е што на секои шест часа, се отвора нов ресторан на KFC некаде во светот.
Кој е најпродаваниот производ во светот, а кој е во Македонија?
Најпродаван производ во светот се кофичките по кои впрочем е и препознатлив KFC. Во Македонија, иако нашите потрошувачи се навикнати на бургери, сепак кофичките се исто толку популарни.
Најнеобичен производ на менито на KFC?
KFC во светот постојано изненадува со многу необични и оригинални производи. Во Македонија како најнеобичен производ би го издвоила BoxMaster што претставува голема тортиља со многу состојки спакувана во уникатно пакување. Во светот би го издвоила Double Down што е тип на бургер без лепче, т.е. содржи крцкава сланина, кашкавал, сос и мајонез, сместени помеѓу две парчиња крцкаво пилешко месо.
Една работа која потрошувачите не ја знаат за KFC, а би требало...
Понекогаш може да се случи нашите гости да почекаат некоја минута плус за да го добијат својот оброк, но тоа е поради автентичниот „hand-made” начин и внимателната подготовка на секое парче месо кое секогаш треба да е во свежа состојба. Ова е дополнителен предизвик за нашите менаџери на рестораните кои мора да направат добра проценка на количината на пилешко што треба да се подготви, а при тоа да ја испорачаат врвната услуга.
Што може да очекуваат љубителите на KFC во следниот период?
Како горди сопственици на пет KFC ресторани за релативно краток период, четири во Скопје и еден во Тетово, љубителите на KFC ќе може да уживаат и на локации во други градови. Следејќи ги континуирано барањата на нашите гости и довербата која ни ја даваат, ќе понудиме нови производи и понуди и за најпребирливите гости.
Секако нема да изостанат и општествено одговорни проекти и проекти насочени кон сите креативци со оригинални идеи кои сакаат да го развиваат нивниот потенцијал.