Елена Трпчевска, психолог на онкологија: „Мојата најмлада пациентка имаше 14 години - Што им паѓа најтешко на заболените од рак?“

Кој процес од лекувањето на ракот им е најтежок? Дали најголемата психичка криза ја доживуваат во мигот на дијагноза или…?

Најтешката фаза од лекувањето на ракот е различна кај секој пациент, но од перспектива од моето досегашно искуство и од перспектива на социјалната психологија, психолошката криза не е ограничена само до добивање на дијагнозата. 

Пред сè, дијагнозата сама по себе е шок, предизвикува како што споделив и претходно страв, негирање, па дури и вкочанетост.

Истражувањата во социјалната психологија сугерираат дека одговорот на една личност е обликуван од нивната социјална средина, тоа би значело има огромно влијание како ќе реагира семејството, пријателите и медицинскиот тим кој може да ја зголеми или намали вознемиреноста.

Многу пациенти велат дека и најтешкиот дел доаѓа подоцна, кога се појавуваат несаканите ефекти, како и губење на независноста, промени во сликата за себе и ова може да доведе до емоционална исцрпеност, депресија, дури и социјално повлекување.

Друга група на пациенти доживуваат криза по завршување на третманот, кога дошло крај на медицинската нега, но овој момент доаѓа до соочување со долгорочното психолошко влијание на преживување, страв од повторување на болеста, како и страв за враќање назад во секојдневниот живот.

Емоционалната поддршка е клучна во секоја фаза.

d-r-elena-trpchevska-psiholog-na-onkologija-mojata-najmlada-pacientka-imashe-14-godini-shto-im-pagja-najteshko-na-zabolenite-od-rak-06.jpeg

Колку им е тешко на жените да го прифатат своето тело, откако ќе изгубат града во битката со ракот? Дали ова и паѓањето на коса се најсилните удари за нив?

Сликата за себе ни е важна на сите, со губење на града, паѓање на коса се нарушува сликата за себе, па дури и дел од идентитетот, бидејќи идентитетот е изграден врз основни верувања за себе, а овие физички промени може да го предизвикаат токму тоа - губење на дел од идентитетот и сликата за себе.

Некои жени значително се борат со сликата за себе, додека други се прилагодуваат и се фокусираат кон други аспекти од лекувањето.

d-r-elena-trpchevska-psiholog-na-onkologija-mojata-najmlada-pacientka-imashe-14-godini-shto-im-pagja-najteshko-na-zabolenite-od-rak-04.jpeg

Што е тоа што пациентите најчесто ги одржува позитивни и со волја за борба?

Нема еден одговор на ова прашање, но и очекувано е да минат низ различни емоционални фази низ лекувањето.

Прифаќање на новонастаната состојба, прифаќање на психолошка, социјална поддршка имаат големо влијание врз нивната волја за време на лекувањето.

Важно ми е да посочам дека за да останат позитивни, тоа не значи дека би требало да ја потиснат тагата, лутината.

Пациентите кои си дозволуваат да ги искажат своите емоции преку терапија или разговор со блиски, минуваат подобро од оние кои се затвораат и не споделуваат за своите емоции со никого.

Важно е уживање и во малите работи, пронаоѓање убавина и во помали работи, слушање музика, поминато време во природа, фокус на себе, креирање во сферата на уметноста и слично.

За да останат позитивни не би требало на сила да форсираат среќа, туку поважно е да се изнајде поддршка и надеж дури и во најтешките моменти.

d-r-elena-trpchevska-psiholog-na-onkologija-mojata-najmlada-pacientka-imashe-14-godini-shto-im-pagja-najteshko-na-zabolenite-od-rak-01.jpeg

d-r-elena-trpchevska-psiholog-na-onkologija-mojata-najmlada-pacientka-imashe-14-godini-shto-im-pagja-najteshko-na-zabolenite-od-rak-02_copy.jpeg

d-r-elena-trpchevska-psiholog-na-onkologija-mojata-najmlada-pacientka-imashe-14-godini-shto-im-pagja-najteshko-na-zabolenite-od-rak-10_copy.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Две сестри од Прилеп се породиле речиси во исто време: „Бевме заедно во соба во болница, му благодар... „И двете се породивме спонтано во градската болница во Прилеп. Нè сместија во ис...
Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата ем... „Сите мои досегашни слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' пор...
Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“ „Освен гајда понекогаш може да засвирам зурли и пијано. Салонот за убавина ми е ...
Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg