Соња Арсовска од Скопје е дама со шик моден стил и колекционер на дизајнерски чевли и чанти (фото)
Јас однапред знам кои се 3 следни чанти кои ми се во план да ги имам во својата колекција, ги купувам најчесто од патувањата во странство.
Toa е мојата пасија, ме исполнува и уживам во тоа.
Не се водам по модни правила, се водам само според лични емоции.
Како се чувствувам, така се облекувам, не сум роб на трендови иако знам да ги прифатам и да ги вметнам во моите аутфити, доколку се вклопуваат во мојот стил, но исто така знам да имам на себе парче од пред 10 години искомбинирано со нешто што е во последен тренд.
Сакам да носам брендирани парчиња, не можам да кажам дека не ми е важно, но не е пресудно, можам да најдам добро парче и во „fast fashion“ брендовите. Во принцип носам сè што ми се допаѓа.
Ги носам сите бои, нема боја која е исклучена или посебно омилена.
Имам некои модни навики, како на пример кога сум во црно - сакам да комбинирам со некои колор детали (најчесто чанта и обувки), кога имам минимал аутфит - сакам да имам повпечатлив накит или друг додаток, едноставно сакам секоја моја комбинација или аутфит да биде стилизиран на мој начин, со кој ќе оставам личен печат.
Претежно купувам онлајн или на патувања.
Често патувам така што пакувањето ми е лесно и не се оптоварувам премногу. Гледам да бидам практична.
Знам да се пакувам за 3 дена во 2 големи куфери, но и за 5 дена само во рачен багаж. Сè зависи од агендата, пригодата и планот.
Флексибилна сум и можам да направам комбинации и со малку парчиња (доста често знам да носам помалку работи затоа што имам во план и да си купам од патувањето).
Сè е до креативноста и до енергијата.
Кога го пакувам целото семејство гледам да го сведам тоа само на неопходно за да не се товариме премногу.