Урбан лик: Игор Милановиќ – менаџер и поранешен ватерполист со одличен моден стил

Деловни или спортски комбинации?

Спортски комбинации секогаш. Патиките ми се најголема слабост и квалитетни спортски парчиња кои ми прават да се чувствувам најпријатно при нивно носење.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-27.jpg

Облеката, исто така, сакам да ја комбинирам и да ја носам во кежуал варијанта, која и најчесто ја носам секојдневно.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-07.jpg

Додека оделата и деловните комбинации ги носам исклучиво за специјални пригоди.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-11.jpg

Омилени модни додатоци...

Часовниците. Обожавам како изгледаат и го надополнуваат модниот стил на секој маж, би сакал да имам огромна колекција на ексклузивни часовници, но морам да признаам дека откако се префрлив на смарт часовник, сè повеќе го преферирам.

Ми стана доста практичен и скоро никогаш не го менувам, и тој е дел од моето секојдневие, како и телефонот.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-12.jpg

Навики од секојдневието, на која си најгорд?

Навика од секојдневието на која сум најгорд е мојата упорност. Ако имам обврска некоја или треба нешто да завршам не можам да седам мирен додека не ја завршам и мислам дека упорноста и истрајноста се едни од моите највредни особини.

Можеби и затоа што сум бик во хороскоп.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-06.jpg

Спортуваш ли, како ја одржуваш формата?

Спортувам секојдневно бидејќи тоа ми е веќе навика и навистина имам дисциплина.

Сепак спортот ми бил секојдневие во еден дел од животот. Сум бил посветен и спортот ме направил тоа што сум и до ден денес.

Најчесто одам во теретана, а често знам и да правам брзо кардио до средно Водно или да играм фудбал заедно со другарите.

Моето тело е навикнато дека еден дел од денот треба да го посветам на некоја спортска активност.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-09.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Урбан лик: Амел Амед од Скопје е зависник од мотоцикли, сноубординг, нуркање, фотографија и мода (фо... Ги знаете оние луѓе кои не живеат, туку грабаат од животот? Токму таков е фотогр...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg