Младен од Валандово: „Почнав како чистач, денес сум директор на брод, таму ја запознав сопругата од Јужна Африка“

Лесно ли е денес да се најде работа на брод? Кои позиции се најбарани?

Да! Денес е лесно да се дојде до работа на брод како општ работник во ресторанот или одделот за чистота.

Со одредено искуство или одредена позиција која се бара на бродот може да се аплицира и преку интернет.

Најбараните позиции се тие од општ ранг, бидејќи вработените напредуваат брзо и тие позиции бараат пополнување.

Интернетот денес е од најголема помош, може да се најде секоја посакувана работа, но сепак и агенциите помагаат во процесот на вработувањето.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-10.jpg

Си се соочил ли некогаш со невозможни барања од гостите или со некоја непријатна ситуација? Раскажи ни што се случи…

Да и да. Морам да кажам дека најголем предизвик е тоа што работиме со многу различни гости од секаква годишна возраст, вера, националност, и секој има свои барања.

Сè зависи и од местото, односно локацијата каде гостите се качуваат на брод.

Најпознати по забавите и журките се оние од Флорида.

Сум имал многу непријатни ситуации, но не можам никогаш да заборавам кога бевме зафатени од ураганот Ирма, сите бевме исплашени а најмногу гостите кои ние, вработените, требаше да ги смириме, а некои од нив трчаа со појаси за спасување, иако не беше до тој степен опасно.

Сум имал и многу пријатни ситуации и најчесто тие остануваат во сеќавање, а некои од луѓето со кои ми се случиле ми станале и ми останувале пријатели.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-12.jpg

Какво е чувството кога си на копно и кога си на одмор? Ти недостасува ли веднаш да се вратиш на работа или, пак, се трудиш да го искористиш секој миг пред да треба повторно да заминеш во странство?

Денот кога треба да заминеш на одмор од бродот, односно денот кога треба да си одиш дома, е најпосакуваниот.

Знаеш дека ќе бидеш дома со фамилијата, ќе се вратиш на таа прекрасна домашна храна, ќе ги видиш пријателите, а најмногу копнееш по будење во утрото без аларм.

Нема нигде на светот како дома.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-31.jpg

Посебно за мене, кога се враќам во Македонија се чувствувам прекрасно.

Сега најголема радост кога сум на одмор е мојата внука со која најретко се гледам и ми недостасува.

Бидејќи живеам во две различни држави и најчесто сум со сопругата во Јужна Африка, се трудам да го искористам секој миг и секој ден да се одморам и поминам време со фамилијата.

Има моменти кога понекогаш мислиш за враќање назад на брод бидејќи тоа е она што го работиш во поголемиот дел од годината…

Во моментот се трудам да бидам 4 месеци на брод и 2 месеци дома што е доволно да одмориш и да ги наполниш батериите.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-33.jpg

На брод ја запозна и љубовта на твојот живот... Раскажи ни нешто повеќе за неа, како се запознавте, колку време сте заедно, каде направивте свадба?

Токму така, еве точно 8 години од нашето прво запознавање со мојата сопруга Ронел, која е по потекло од Јужна Африка.

Со сопругата, Ронел, се запознавме на еден од бродовите на Carnival Cruise Line, каде јас и таа работевме во две различни одделенија, но работевме заедно кога имаше поплаки од гостите и заедно ги решававме.

Полека почнавме и да се дружиме во слободното време, и станавме блиски со текот на времето.

И, ете, после 8 години сме заедно и ја планираме нашата иднина и фамилија.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-20.jpg

Првата посета во Македонија на Ронел беше во 2017 година, каде таа беше воодушевена од убавините на земјата, храната и најмногу од гостопримливоста на луѓето.

Секогаш се потсетува и се смее кога ќе помисли колку храна имаме на трпезата за секој појадок, а сепак никој не се здебелува.

Претходната година се венчавме во Македонија, имавме прекрасна свадба исполнета со повеќе гости од мојата страна на фамилијата, но ги испочитувавме и нејзините обичаи и оваа година направивме мала забава и во Јужна Африка.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-18.jpg

Кои ви се плановите за иднината? Размислувате ли да живеете во Македонија или, пак, сакате да заминете во Јужна Африка?

Засега немаме планови каде поточно ќе живееме, но и двете држави имаат свои карактеристики и различен стил на живот.

Мислам дека во Македонија има многу повеќе мир и спокој кога сме на одмор, но, Јужна Африка нуди повеќе можности за работа и модерен живот.

Секако, македонскиот јазик е еден од најтешките во светот, што е најголем фактор за неа да се привикне, но нема проблеми со живеење во Македонија.

Најважно од сè, се поддржуваме и имаме поддршка од нашите фамилии, така да засега уживаме во убавините на светот и го користиме секој момент да го исполниме со убави спомени.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-29.jpg

Погледнете уште неколку фотографии од Младен на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg