Младен од Валандово: „Почнав како чистач, денес сум директор на брод, таму ја запознав сопругата од Јужна Африка“

„Претходната година се венчавме во Македонија, имавме прекрасна свадба, но ги испочитувавме и нејзините обичаи и оваа година направивме мала забава и во Јужна Африка. Во Македонија има многу повеќе мир и спокој кога сме на одмор, но, Јужна Африка нуди повеќе можности за работа“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Младен Спасов кој работи како генерален менаџер на крузер.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-01.jpg

Во изминатите две децении, голем број млади Македонци заминаа на работа на бродови и крузери, надевајќи се дека таму ќе ја најдат среќата и ќе си обезбедат поголема заработка.

Таква е и приказната за валандовчанецот Младен Спасов (36), кој веднаш по завршувањето на факултетот започнал да работи на крузер.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-02_copy.jpg

Во овие 14 години, Младен успеал да напредува многу во кариерата на крузер, па од Оддел за чистота и хигиена стигнал до позиција генерален менаџер (или директор на хотелот) на бродови за крстарење во компанијата Carnival Cruise Line.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-03.jpg

Тој не ни откри колку заработува на оваа позиција, но вели дека на брод ја запознал љубовта на својот живот, Јужноафриканката Ронел, со која минатата година се венчаа во Македонија, а годинава направиле прослава и во Јужна Африка.

За читателите на CRNOBELO.com, Младен открива како започнала неговата бродска приказна, со какви стравови се соочувал на почетокот и која е тајната за да се има успешна приказна.

Како што вели, денес многу лесно може да се дојде до работа на брод, а платите се движат од 800 долари месечно до 6.000 или 7.000 долари во зависност од позицијата.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-28.jpg

Следува целото интервју со Младен:

Како започна твојата бродска приказна? Што е она што те натера да си ја пробаш среќата на брод и да почнеш да работиш надвор од границите на Македонија?

Заминувањето да работам на брод беше вина (и му благодарам) на еден пријател.

Се случи многу спонтано, во времето кога ги завршував факултетските денови.

Ни раскажуваше дека заработувачката е одлична и би ни помогнало да заштедиме, бидејќи во тоа време беше тешко да се најде работа во Македонија која би била слична со финансиите понудени на бродот.

Претходно, веќе имав искуство со работа во Америка, поточно во Алјаска, и имав идеја дека тоа е исплатливо.

Од тој разговор, до аплицирањето, па до заминување на брод беше толку кратко, и после консултации и поддршка од мојата фамилија, се решив да го прифатам тој предизвик.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-25.jpg

Какво беше чувството кога првпат стапна на палуба? Што ти фалеше најмногу на почетокот? Се навикнува ли човек лесно на бродскиот живот?

Тогашната компанија „Мајоми“, денес „Успињача“, предводена од Јелена и Јовка, нè подготвуваше да заминеме група од 20-тина лица на брод и сите очекувавме да отидеме на Бахамите или Карибите, но добивме информација дека нашиот прв чекор на палуба ќе биде во Италија, поточно во Трст, каде бродовите обично поминуваат одреден период со реновирање на пристаниште без гости.

Во првиот миг кога го видов бродот, бев шокиран од големината и си помислив, ова ќе биде еден голем предизвик во мојот живот.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-19.jpg

Бев малку исплашен бидејќи не знаев ништо за ова ново искуство, немав ни идеја како би изгледало да се живее и работи на брод.

Заминав да работам како помошник на главниот стјуард на кабините, но бидејќи немаше гости во тоа време, сите работевме различни задачи по бродот.

Првите недели беше многу тешко, ми фалеше фамилијата, храната и домот, но, се навикнуваш со текот на времето.

Пријателите кои ги стекнував од различни земји од светот ми помогнаа да се навикнам и да го засакам животот на брод.

Денот кога ги видов првите гости, се смени целата моја идеја како бродскиот живот изгледа. Почнавме со крстарење околу Медитеранот и секој ден беше големо воодушевување за мене: Монако, Наполи, Месина, Барселона, Кан…

Ни на сон не би помислил дека би ги посетувал овие места еднаш во неделата.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-05.jpg

Веќе 14 години работиш на брод… Кажи ни, која е тајната за да успееш толку долго да издржиш да ја работиш таа работа и што е неопходно да направи човек за да може да напредува?

Моментално, еве веќе 2 нецели години работам како генерален менаџер или обично на бродот се нарекува директор на хотелот.

Секоја работа си има своја тежина и нормално со секое наредно напредување и одговорностите се поголеми.

Најискрено, кога почнав да работам во менаџментот на одделот за одржување на чистотата и хигиената на целиот брод, попрактично одделот за домаќинство, почнав полека да се усовршувам во сите сегменти кои се најпотребни, како управување со вработените, процедурите и политиките на компанијата кои вклучуваат општото здравје, безбедноста и животната средина со океаните и местата кои ги посетуваме.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-22.jpg

Најпотребно е да се има желба и волја за работа, а имањето трпение е најголем пријател на бродскиот живот.

Работиме со луѓе од повеќе од 85 различни држави и секој има свои културни и национални предности, кои најбитно е да ги почитуваш и да им помагаш, бидејќи тие исто така ќе ти помогнат во градењето на кариерата.

Ете, така се надоградуваш и стануваш поуспешен и, најважно од сè, стекнуваш доживотни пријатели по целиот свет.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-06.jpg

Колку може да се заработи на брод? Која е минималната, а која е највисоката плата што може да се заработи како општ работник?

Главно на бродот има повеќе од 30 одделенија и секое од нив има оддел со позиции по различни работни задачи…

Зависи од позицијата која се работи, но ете, приближно да се работи како почетник келнер во одделот на ресторанот или почетник чистач, се заработуваат и до 800 долари …

Пак сè е зависно од позицијата и искуството во одделот каде се работи.

Со повеќе искуство и напредување така и платата се покачува. Не е тајна дека некои позиции и високо рангирани офицери заработуваат и до 6-7 илјади долари на месец… Мојата нека остане тајна.

mladen-od-valandovo-pochnav-kako-chistach-denes-sum-direktor-na-brod-tamu-ja-zapoznav-soprugata-od-juzhna-afrika-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg