Дорис Димовска со ангелскиот глас ги освојува светските фестивали: „Пеам и стари македонски песни и Селин Дион“
Останува ли време за дружба со пријателите и друштвото, покрај обврските околу училиштето и напорното работење на музичката кариера?
Како што споменав погоре, за сè може да се најде време доколку се сака нешто, така што и за моето дружење имам секогаш место во слободното време, без притоа да ги запоставам училишните обврски и обврските кои доаѓаат од мојата музичка кариера.
На колку фестивали си настапувала досега и на која победа или признание си најгорда?
Музичките фестивали на кои се натпреваруваме се одржуваат со физичко присуство и како онлајн натпревари.
Минатата година настапував на интернационалниот натпревар „Performans cup“ кој се одржуваше во Рим, додека оваа година имав повеќе настапи како на интернационални натпревари меѓу кои на „WAF contest“ кој се одржуваше во Скопје, „Voice of The Stars“ кој се одржуваше во Хрватска, „Art Festival“ во Кавадарци, така и на хуманитарни концерти, патронатот на моето училиште…
Во однос на онлајн натпреварите имам учествувано на „Golden voice“ кој се одржуваше во Малта, „Aphrodite Voice“ во Кипар, „Culture Caravan Festival“ Полска…
Кои се плановите за иднина? Дали планираш да се насочиш само кон музичката кариера, или имаш и план Б? Во која насока ќе се движи твоето образование?
Моето образование ќе го продолжам во една сосема спротивна насока од музиката односно во фармацијата, а музиката ќе ја изучувам паралелно во музичкото училиште Андријана Јаневска каде сум од 2021 година, па која од овие две области ќе ми остане како план Б ќе покаже времето.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело