Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“
Која е најголемата банкнота што си ја добила како бакшиш на веселбите?
Кога станува збор за бакшишот, тоа е релативна работа и секогаш е различно, така да не би можела да издвојам највисока цифра.
Освен што се занимаваш со музика, имаш и свое студио за убавина. Дали салонот го отвори како план Б, или сметаш дека е само мудра инвестиција? Може ли да се преживее само од музика?
Салонот за убавина реално ми е втор дом. Не очекував дека може да ја засакам таа работа.
Отворен е со многу љубов бидејќи јас одамна сакав да отворам нешто за кое ќе се гордеам и тоа успеав заедно со мојата партнерка во студио „ЕН БЈУТИ“, Натали Павловиќ.
Салонот е мојата најдобра инвестиција бидејќи јас, како Елена Јовческа, во кое било време сум средена како уметник, јавно лице на кое постојано му треба нега.
Не се каам во ниту еден момент бидејќи ако не сум пеела, ќе сум имала салон за убавина. Сега ги имам и двете.
Пееш и изведуваш фолк музика. Што слушаш по дома, кога сакаш да се опуштиш?
Дома слушам тоа што пеам дефинитивно, а кога сакам мир слушам класична музика.
Минатата година успеа да ослабеш 20 килограми. Дали сè уште се придржуваш до тогашниот режим на исхрана и која е твојата тајна за добриот изглед?
Да, ослабев доста. Веќе 2 години сум на истиот режим, а мојата тајна за добар изглед е секако „Ен Бјути“ и редовно одење на тренинг.
Што би им препорачала на девојчињата и младите музичари кои сонуваат еден ден да изградат музичка кариера?
Да бидат упорни во тоа што го прават и секогаш одлука да носат со својата глава, а не со срцето.
Така нема да згрешат како јас што имав грешка.
Кои се твоите идни планови?
Најново за мене е тоа што веќе сум во сериозна соработка со автомобилска компанија каде што веќе брендиравме автомобил со моето име и јас сум горда на тоа бидејќи сум прва фолк пејачка со ваква соработка.
Јас сум веќе дел од нивната фамилија и нашата соработка продолжува во наредните 5 години.
Подготвувам нова песна и, се разбира, проширување на нашиот салон заедно со моите девојки каде што се трудиме да бидеме најдобри.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело