Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои ги заспиваат децата со неа“

Работиш во НОБ, но зад сцената. Колку те исполнува оваа работа? И зошто не сме те виделе на концертите што ги организира НОБ (Василичарски, на пример...)?

Работам како организатор во операта, имам многу убава работа, ја уживам и користам окруженоста со уметност и ме исполнува максимално.

Сум пеела на една Василица, во 2018-та. Колку убаво си поминав.

Ми се чини дека тоа беше последната Василица со забавна музика, а веќе од следната година концертот се врати на класичните ноти.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-14_copy.jpg

Дали твојата ќерка Срна го наследила музичкиот талент?

Срна е многу музикална, премногу сака и да пее, свири клавир, има свој сосема различен стил на музика која си го одбира сама, отворена е за сите мои сугестии.

Но, уметноста кај Срна отиде во сосема поинаков правец.

Срна многу убаво црта. Целосно е посветена на тоа - дигитално анимира, црта во сите техники и ужива како никој, така што сметам дека уметноста не ја заобиколи.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-06.jpg

Како реагираше таа порано кога ќе те видеше на телевизија или ќе те слушнеше дека пееш?

Па веројатно бидејќи е опкружена со тоа, не реагира баш. А бидејќи мене ми е секојдневие, јас посебно не сум ѝ објаснувала многу за тоа како и што се случувало претходно.

Но, затоа беше многу интересно кога тргна на училиште и еден ден кога си дојде зачудена дека децата ја прашувале: „Дали мајка ти стварно има спотови на Јутјуб?

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-11.jpg

Дали некогаш таа пеела на детски фестивал?

Срна можете да ја слушнете на реклами, има снимано натсинхронизации и сонгови за различни кампањи на компании.

Колкава е сега Срна? Што сакате да правите најмногу кога сте заедно, а немате училишни или работни обврски?

Срна има 11 години и е шесто одделение. Таа е прекрасно мирно и спокојно дете.

Кога сме заедно обожава да готвиме и премногу сака да патуваме, па знаеме секој слободен момент кој го имаме двете да си седнеме во кола и кај ќе нè однесе патот...

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-17.jpg

Повеќе од 10 години за Срна се грижиш сама, таа беше бебе кога почина нејзиниот татко... Љубопитна ли е за него, сака ли да ѝ раскажуваш приказни, спомени? Има ли омилена приказна поврзана со Саша што секогаш ја слуша со задоволство?

Природно е за секое дете кое има непознаници да прашува.

Срна сè знае за својот татко, сите анегдоти и прекрасни спомени, ја чувствува љубовта од која и таа е производ.

Изворот на најголемите спомени и сеќавања се родителите на Саша, па тие ја оживуваат историјата најчесто и двете нè водат низ убавините.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-15.jpg

Малкумина знаат дека на сето ова, ти се занимаваш и со професионално шминкање. Колку тоа те опушта?

Да, јас со шминката другарувам повеќе од 18 години. Имам прекрасен круг на убави луѓе кои дел ги чувствувам како свое семејство.

Тоа ми е една многу голема сатисфакција во креативниот уметнички израз и јас слободно сето тоа ќе го ставам под уметноста која гори во мене како оган.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-02.jpg

Како се негуваш? Која е твојата дневна рутина за убавина?

Па, јас верувам во внатрешната убавина која се постигнува со баланс на свежа храна, многу вода, овошје...

Потоа многу е полесно однадвор со минимален труд да се постигне добар ефект.

Инаку, носам заштитен фактор, ја хранам кожата, ја хидрирам - најбитно од сè ги хранам духот и срцето со љубов и благодарност за секој ден.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-05.jpg

А што е со исхраната? Дали готвиш? И како ја одржуваш линијата?

Готвам да. Подготвувам храна на Срна, ужинки за на училиште, салати за мене за на работа - ја држам цврсто околу здравата храна - но знам и да ја почестам со тоа што ќе посака.

Заедно правиме мафини, банана лепче, колачи од тиква...

Тоа ептен ја радува Срна, па веќе почнувам и сама да ја оставам во кујната. Дел од тоа ќе заврши како експеримент, но радоста е најбитна.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg