Марјан од охридско Пештани е актер и модел во Унгарија: „Бев на снимање со Ема Стоун“

На кои познати филмови и проекти сте имале можност да работите? Имавте ли можност одблиску да се запознаете со некои од познатите личности?

Сум бил дел од снимањата на многу унгарски и светски познати филмови, како што cе: Poor Things, Gran Turismo, The Last Kingdom - Seven Kings Must Die, Maria Callas, Day of the Jackal, Dance First, The Killer's Game1242-Gateway to the West, Dune: Prophecy...

Навистина ми е жал што не сум во можност да споделам премногу детали од овие снимања затоа што пред секое снимање потпишуваме договор за неизнесување детали, слики и што било друго, но ќе го споделам она што можам.

Филмот Gran Turismo се снимаше на патеката Huangaroring, а јас бев дел од т.н. marshals, односно луѓето што се грижат за безбедноста на патеката, возачите.

marjan-od-ohridsko-peshtani-raboti-kako-akter-i-model-vo-ungarija-go-rabotam-ona-za-shto-sonuvav-kako-mal-22.jpg

На самите снимања беше и Јан Марденборо, човекот за кого е направен филмот, а и тој самиот учествуваше како каскадер, возач во трките за време на снимањата.

Самото тоа што на филмот Poor Things режисер е Јоргос Лантимос, а во главни улоги се Ема Стоун и Марк Рафало кои се номинирани за Оскар годинава, говори за тоа за каков филм станува збор.

Интересен, чуден, несекојдневен, контроверзен, а јас бев дел од снимањата на можеби најконтроверзниот дел од филмот, во дејствието кое се случува во Париз, како лице од повисоката класа кое често го посетува борделот во кој е и Ема Стоун, а бев дел и од еден промотивен постер.

Да cе биде дел од снимањата со овие ѕвезди за мене е огромно искуство, чест и задоволство.

Имав можност да поразговарам со некои од нив, накратко.

marjan-od-ohridsko-peshtani-raboti-kako-akter-i-model-vo-ungarija-go-rabotam-ona-za-shto-sonuvav-kako-mal-22_2_copy.jpgМарјан на промотивниот постер за Poor Things

Како е да се работи со холивудските ѕвезди? Кои ѕвезди ви изгледаа најтешки за соработка?

Интересно е, за мене вистинско уживање. Сите се крајно професионални, љубезни, нормални.

marjan-od-ohridsko-peshtani-raboti-kako-akter-i-model-vo-ungarija-go-rabotam-ona-za-shto-sonuvav-kako-mal-13.jpg

Ве препознаваат ли на улица низ Унгарија и како реагирате кога луѓето ќе ве препознаат?

Ме познаваат во тие кругови, луѓето што се занимаваат со снимања, знаат од каде доаѓам и многу ми е важно што ме поздравуваат со „Македонија“ или со „Македонец“, тоа многу ми значи.

Ви недостасува ли нешто од Македонија? Што е тоа?

Нормално дека ми недостасува. Тоа е моето Пештани со моите пештанки и пештанци, мојата фамилија, а најмногу тато и мама.

marjan-od-ohridsko-peshtani-raboti-kako-akter-i-model-vo-ungarija-go-rabotam-ona-za-shto-sonuvav-kako-mal-20.jpg

Колку често се враќате во Македонија и дали сте помислиле некогаш да се вратите?

Често сме во Македонија. Бевме во јануари за празниците, таму ќе бидеме во март, мај, јуни - август.

Би рекол дека живеам на релација Будимпешта-Пештани.

marjan-od-ohridsko-peshtani-raboti-kako-akter-i-model-vo-ungarija-go-rabotam-ona-za-shto-sonuvav-kako-mal-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg