Александар Цветковски: „Со сопругата се боревме со неплодност, имавме и мртвороденче, но сега сме благословени со ќерката Ангела“

„Јас правев буквално сè за да го преболиме мртвороденчето по второто ИВФ и сега во раце ја држиме нашата ќерка Ангела. Иако жената е најголем носител на овој товар, мора да кажам дека и најголемиот воин треба да е нејзиниот сопруг. Сега, со гордо крената глава можам да кажам дека Ангела е добиена токму со ИВФ процес - таа е дете од епрувета“, вели Александар Цветковски (41) од Битола во интервју за CRNOBELO.com.

aleksandar-cvetkovski-so-soprugata-se-borevme-so-neplodnost-imavme-i-mrtvorodenche-no-sega-sme-blagosloveni-so-kjerkata-angela-01.jpg

Александар Цветковски (41) од Битола, по професија сообраќаен инжeнер, e сопруг на Наташа и татко на Ангела, која е родена на 28.08.2023 година по, како што вели тој, најтешкиот пат, односно патот со ин витро оплодување (ИВФ).

Александар е пример како еден маж треба да се постави во ваква ситуација и да биде најголема поддршка на жената, која носи огромен товар во борбата со неплодноста.

Кај нив оваа борба траела со години и била најтешкото нешто кое го доживеале во животот.

Тој ја споделува приказната за патот кој го изоделе со сопругата и за тоа како се чувствуваат благословени денес со ќерката Ангела:

Колку време со сопругата се обидувавте да имате деца, пред да помислите дека постои некаков проблем и е време за испитувања?

Со сопругата сме во брак веќе 9 и пол години.

По две години од нашиот брак се одлучивме да започнеме најпрво со најобични прегледи кај нејзиниот тогашен матичен лекар, а потоа и со упати до специјалисти.

aleksandar-cvetkovski-so-soprugata-se-borevme-so-neplodnost-imavme-i-mrtvorodenche-no-sega-sme-blagosloveni-so-kjerkata-angela-11.jpg

Какви испитувања направивте и кој беше заклучокот на докторите?

Со оглед на тоа што сè започна преку матичниот гинеколог на сопругата и со неа на ехото беше сè во ред, најпрво процесот започна со она што е ноќен кошмар на секој од мажите, а тоа е спермограмот.

За сопругата, пак, сè започна со оние бактериски испитувања и испитувања на грлото на матката, а потоа и со испитувања за проодност на каналите.

Каква дијагноза ви поставија – што беше нареден чекор?

И покрај целосните испитувања кои ги правевме, и покрај барањата да дознаеме во што е проблемот кај нас до ден денес и покрај тоа што ја имаме Ангела во рацете, не дознавме целосна дијагноза.

Кај нас како пар проблемот е непознат од идиопатска природа.

aleksandar-cvetkovski-so-soprugata-se-borevme-so-neplodnost-imavme-i-mrtvorodenche-no-sega-sme-blagosloveni-so-kjerkata-angela-02.jpg

По колку години неуспешни обиди се одлучивте на асистирано оплодување?

Едно од најтешките прашања кои ми ги поставиле е баш ова. Никогаш не сме ги броеле неуспешните обиди. Сме сакале да ги заборавиме.

Знам само дека имавме преку 8 инсеминации правени од неколку доктори во неколку различни клиники. Ќе звучи и нескромно ако кажам дека едвај сме чекале да завршат тие постапки и да започнеме со процесот на ИВФ.

И се случи. Вонматерична бременост кај сопругата која заврши со вадење на еден јајцевод. Е, тогаш веќе знаевме дека нема каде понатаму, освен ИВФ.

Колку обиди за асистирано оплодување направивте и како завршија тие?

Во овие 9 и нешто години брак, направени се 3 ИВФ постапки. Од кои едно неуспешно, едно кое заврши со негативна срцева акција на бебето во 36-та гестациска недела, и ова последново кое заврши на најубавиот можен начин со раѓањето на Ангела.

aleksandar-cvetkovski-so-soprugata-se-borevme-so-neplodnost-imavme-i-mrtvorodenche-no-sega-sme-blagosloveni-so-kjerkata-angela-06.jpg

Како се справивте со загубата (мртвороденче) при еден од обидите?

Најискрено, мислев дека никогаш нема да излеземе од лавиринтот во кој влеговме по смртта на нашето бебе. Еден обичен преглед се претвори во најголема ноќна мора на еден од најпозитивните парови кои го одат овој пат.

И тоа сосема на крај, на влегувањето во 9-тиот месец.

Наведнататите глави во болничкиот ходник низ кој поминавме ни кажуваа дека ќе мораме да се бориме со она што никогаш ни на сон не го помисливме дека може да ни се случи.

Можеби потсвесно очекуваме на почеток негативен тест на бременост, но никогаш смрт на бебе во стомакот на сопругата.

А како се справивме? Уште наредниот ден кога сопругата требаше да роди мртов плод јас стапив во контакт со наша пријателка психолог која многу ни помогна во надминувањето на кризата.

Верувавме во неа, а и таа во нас и за кратко време колку – толку ја надминавме болката.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург: „Најчести повреди се скршеници на колк, рачен зглоб, бут... „Ликот на пациент кој не верувал дека ќе застане без болка, на млад човек кој ми...
Александар од Радовиш е етномузиколог во Виена: „Македонско девојче е светски хит – ја знаат од Хава... „Оркестарот Александар е производ на моите музички предавања работилници и часов...
Александар Ристоски, актер: „Љубовните сцени се најтешки за снимање, еднаш се добива можност да се г... „Серијата 'Црвениот поет' е снимена во 2016 и не беше емитувана 7 години, па јас...
Александар Златановски работи како аранжер на колачи во Лајпциг: „Добро се заработува, но сакам да з... „Градот го нарекуваат 'младиот Берлин', бидејќи потсетува и по инфраструктурата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg