Зоки Фаци има колекција од преку 300 пара патики: „Најскапите се 1.200 евра, омилени ми се Dolce & Gabanna, некои не се облечени никогаш“
- Детали
- четврток, 28 септември 2023
„Од првите поголеми заработени пари си купив два пара патики од Dolce & Gabanna, кои ги носам со години и не ми се фрлаат. Обожавам патики во дречливи бои, впечатливи. Такви купувам најчесто. За сите нив имам барем по две комбинации гардероба“, вели за CRNOBELO.com Зоки Фаци, кој има импресивна колекција патики.
Новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, има импресивна колекција со преку 300 пара патики. Ги чува во својот дом во населбата Аеродром, а дел се во неговата викендичка во Катланово, бидејќи, како што вели, дома одамна нема доволно место за сите.
Во неговата колекција има скапи дизајнерски парчиња кои чинат до 1.200 евра и ги носел еднаш-двапати, но и патики кои ги носи веќе 15 години и му се омилени.
Патиките ги комбинира и со тренерки и со елегантни костуми.
За својата страст кон купувањето патики, Зоки раскажа за CRNOBELO.com:
„Од првите поголеми заработени пари си купив два пара патики од Dolce & Gabanna, кои ги носам со години и не ми се фрлаат. Тие ми се и меѓу омилените.
Обожавам патики во дречливи бои, впечатливи. Такви купувам најчесто.
За сите нив имам барем по две комбинации гардероба.
Во колекцијата имам секакви патики. Најмногу се од Dolce & Gabbana, Versace, Nike, Balmain, Adidas, Converse, New Balance, Levi’s, Replay, Calvin Klein, Reebok, DSQUARED2, Diesel…
Повеќето ми се купени во Скопје, Милано, од Грција и во Дубаи.
Патиките чинат од 200 евра нагоре, а најскапите се меѓу 850 и 1.200 евра.
Некои од нив ги носам со години, а имам и такви што се купени и никогаш не сум ги облекол.
Инаку, сакам патиките наскоро да ги ставам на аукција, а парите што ќе се соберат од продажбата да ги донирам за деца болни од рак“.