„Колку трае, дали боли третманот, дали може да се отстрани?“ - сѐ за трајната шминка со Милена Проданова

Како клиентите да го пронајдат вистинскиот артист?

Да се пронајде вистинскиот артист е најважниот чекор. Најдобриот начин е да се распрашате кај девојки кои веќе го правеле третманот.

Обратете внимание на фотографиите кои ги поставуваат на своите страници, голем дел од артистите користат photoshop за да ги исправат грешките и објавуваат слики кои не се реални.

Доколку сте во можност, посетете го салонот како би стекнале вистински впечаток за артистот и условите во кои работи.

Трајната шминка станува сѐ повеќе популарна бидејќи овие мали, неинвазивни промени можат да направат многу - да го подобрат вашиот изглед, да ги покријат недостатоците и да направат да се чувствувате подобро.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-33.jpeg

Каква е кариерата на PMU артистите?

Трајната шминка е една од најпрофитабилните области во индустријата за убавина. Третманите се сѐ повеќе популарни кај девојките и барањата за слободни термини се повеќе се зголемуваат. Иако не ви се потребни години студирање, трајната шминка не се учи преку ноќ.

Да се биде добар артист потребно е постојано учење, вежбање и унапредување. Како и во секоја друга кариера, секој почеток е тежок. Кога веќе ќе станете професионалец ќе уживате во оваа профитабилна кариера.

Пред сè упорноста и желбата за напредување се најважни, бидејќи оваа индустрија пребргу се развива и потребни се многу едукации и редовно следење на друштвените мрежи, како би можеле да бидете во тек со сите трендови.

Што треба да знаат студентите пред да одат на обука?

Кој ќе ве обучува не треба да бирате по оној кој има најмногу објавувања и реклами на социјалните мрежи, туку да изберете личност за која сметате дека е соодветна за да ве научи тоа што ве интересира.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-13.jpeg

За да биде успешно, прво треба да знаете што сакате и да бидете добро информирани однапред. На обука се доаѓа по знаење, а не по диплома! 

Дипломата не е доказ дека веќе знаете како да работите и дека сте научиле. Дипломата е писмен доказ дека сте присуствувале на одредена обука. Затоа по обуката е потребна пракса и вежбање до усовршување

Кој е најдобриот совет за својата кариера кој си го добила и би сакала да го пренесеш на идните артисти?

Исто како и во секој друг бизнис, треба да бидете свои и единствени, да не се обидувате да се вклопите во мнозинството други артисти. Многу едукации, многу труд и истрајност ќе ви го загарантираат успехот.

Кога сме кај усовршувањето и успехот ги поканувам сите колеги кои работат трајна шминка да присуствуваат на мастеркласот со најбараниот едукатор за трајна шминка Yana Moskalenko од Украина која ќе дојде во Скопје да одржи предавање за трајна шминка на веѓи, уста и очи.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-31.jpeg

Според твоето мислење кои PMU трендови не очекуваат?

Мислам дека во наредниот период во тренд ќе биде понежниот изглед. Бидејќи и тоа е поентата на трајната шминка, да ја нагласиме нашата природна убавина.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-19.jpeg

Колку време работите како едукатор?

Како едукатор работам веќе 5 години, и горда сум на сите мои студенти кои успешно работат. А јас мојот успех го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и најголема поддршка и помош.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-11.jpeg

Кои третмани на трајна шминка ги нудите?

Microblading - Овој третман се изработува со помош на алатка со мали иглички кои испуштаат пигмент во вашата кожа и притоа се добиваат реалистични влакненца. Веѓите изгледаат природно, пополнето и дефинирано

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-22.jpeg

Magic shading brows - Пудер веѓите се сѐ повеќе популарни кај девојките кои сакаат пополнети веѓи со суптилен ефект на шминка. Сенчењето е ефект наменет за добивање пудерасти веѓи кои се всушност една целина, за разлика од microblading каде јасно се гледа секое влакненце.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-23.jpeg

Soft & classic eyeliner - За оние девојки кои сакаат секојдневно да ставаат eyeliner, оваа техника е вистинскиот избор. Овој третман најчесто трае до 3 години. Третманот е индивидуален и зависи од вашите барања. Можете да изберете од понежен до понагласен изглед.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-17.png

Aquarelle lips - Трајниот кармин е делумно траен третман кој ги нагласува бојата и волуменот на вашите усни, правејќи ги да изгледаат пополнето.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-15.jpeg

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg