Снежана Анастасова Чадиковска, пијанист: Пишувањето автобиографија подразбира „копање“ по сопствената душа и минатите времиња

Корицата на автобиографијата е дело на ликовниот уметник Вениамин Хаџи-Наумов. Дали станува збор за негова постоечка слика или е дело што го создаде специјално за вас?

Делото на мојот драг пријател од детството и низ целиот живот, ликовниот уметник Вениамин Хаџи-Наумов, Хипостази на животот (1999), масло на платно, е насликано и подарено на нашето семејство.

Особено ѝ благодарам на сопругата на Венко, Снежана Липковска Хаџи-Наумова, што се согласи и дозволи фотографијата од ова дело да се аплицира на кориците на книгата „Боите на мојата музика“.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-05.JPG

Претпоставувам некој од блиските веќе ја прочитал автобиографијата. Какви се реакциите?

Секогаш моите дела прв ги чита мојот сопруг Венцислав Чадиковски и моите деца Ива и Георги. Еве што вели Венцо:

„Читајќи ја книгата се сетив на времињата кои поминаа, на убавите моменти, на едно живеење исполнето со музика, бои, радост, сеќавањата ме натераа да пуштам и некоја солза...“

Но, не застануваме тука, се надевам дека заеднички ќе продолжиме да создаваме убави нешта и моменти за паметење.  

Најавивте промоција во Охрид, но ќе има ли и во Скопје?

„Боите на мојата музика“ ќе има промоција во рамките на фестивалот „Охридско лето 2023“ на 27-ми јули 2023, во 19:00 часот во предворјето на црква Св. Софија во Охрид.

Книгата е во издание на Музички Издавачки Центар (МИЦ), а ко-автор на биографијата, заедно со мене е Марко Коловски - музиколог, публицист, новинар и општественик.

Промотори на книгата ќе бидат Илинденка Петрушева и Александар Трајковски, а модератор на промоцијата е Милчо Јованоски, директор на Националната установа Библиотека Григор Прличев.

Водител на настанот е Наташа Попоска Карче.

Промоцијата во Скопје ќе се одржи на почетокот на ноември, а ќе биде дел од празнувањето на 60-годишнината од создавањето на Музичката младина на Македонија.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-06.jpg

Повеќе информации:

Снежана Анастасова Чадиковска е родена на 20.11.1950 во Скопје, како втора ќерка во семејството на д-р Иван Анастасов и неговата сопруга Гинка.

Основното музичко образование го започнува во 1955/56, во Десетгодишното музичко училиште, истовремено со основното училиште.

Пијано учи кај проф. Соња Бојаџиева и проф. Бранко Цветковиќ.

Средното музичко образование го завршува во 1966/67, кога паралелно матурира во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Во тек на средното образование е учесник на семинарите, организирани од фестивалот „Охридско лето”, раководени од проф. Жан Бланкар од Париз.

Воедно носител е на една прва специјална награда и една втора награда од државните натпревари за ученици и студенти по музика.

Во 1966 учествува во Подиумот на млади на Македонската филхармонија.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-03.jpg

Музичкото образование го продолжува на Државниот конзерваториум во Софија, Бугарија, на Инструменталниот факултет, учејќи пијано во класите на проф. Дора Лазарова и Величка Савова (редовни приватни консултации).

Во текот на студиите се усовршува и на семинарите, раководени од проф. Алдо Чиколини во Охрид.

Постдипломски студии завршува на Музичката академија во Љубљана, во 1979, во класата на светски истакнатиот пијанист проф. Дубравка Томшиќ.

Во 1978 и 1979 се усовршува на Летните академии во Вајмар, Германија.

Од 1972 работи како наставник по пијано во Десетгодишното музичко училиште во Скопје, подоцна интегрирано во Музичко-балетскиот училиштен центар.

Во оваа учебна институција набрзо стекнува реноме на еден од најистакнатите пијано - педагози.

Во 1992 година се стекнува со звањето Особено истакнат педагошки работник на Република Македонија, а во 2004 година ја добива наградата за животно дело од здружението на музички и балетски педагози на Република Македонија.

Во ДМБУЦ работи работи до 1-ви јануаро 2013 година.

Во 1972 дебитира на концертната сцена во Салонот 19,19 во Скопје, со солистички рецитал.

Активно концертира како солист и камерен музичар, реализирајки стотина концерти во Македонија и значајни музички центри на поранешна Југославија.

Од 2002, поради здравствени причини, не настапува јавно.

Од 1982 развива дејност на музички публицист, како рецензент во македонскиот печат, соработник на МТВ, учесник во музички публикации и автор на повеќе монографии за видни музички уметници и институции.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-07.jpg

Со музичка публицистика се занимава до денес.

Снежана Анастасова Чадиковска низ повеќе форми на работа многу активно делува во процесите за развој и афирмација на македонската музичка култура, во сите педесет години на своето постоење во македонскиот културен живот.

Тоа особено се искажува низ професионалната соработка со фестивалот „Охридско лето” и Музичката младина на Македонија.

И денес таа оддржува живи контакти со настаните во македонската музичка култура, често давајќи во нив значаен професионален придонес.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg