Росана Петревска – деловна жена и префинета модна дама, чија страст се чевлите и чантите (фото)

Која е жената на која ѝ се восхитуваш во животот и која е инспирација во секој момент?

Имам повеќе, како: Летиција, Јагнула Куновска, Татјана Петрушевска и Ана Винтур. Жените кои ќе останат запаметени за ова време.

А од младиве генерации многу ја почитувам мојата пријателка Кјара која случајно ја запознав во Рим (модна блогерка од Италија) која сега соработува со Диор и таа ми е инспирација, како од една обична млада девојка, сега мајка на две деца, стана успешна и диктира модни трендови.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-10.jpg

Кои се „триковите“ за да останеш мотивирана во која било професија? Како да се издржи и излезе како победник од оние моменти кога ќе снемаш инспирација?

Кога ќе заклучите дека во овој свет имате мисија каде припаѓате и треба да оставите нешто зад себе, тогаш визијата ви се менува. Мене комплетно ме смени.

Сите во животот се соочуваат со разни ситуации и пречки кои мора да се надминат. Животот понекогаш е падни-стани, а јас секогаш станував и со крената глава одев и одам кон следната пречка. Така станав похрабра, помудра, посилна.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-07.jpg

Кои се парчињата што ги сметаш за култни во женскиот плакар? Што е она без што вие не можете да си замислите ниту една ваша комбинација?

За мене чевлите и чантите се многу значајни. Сакам и носам брендирани парчиња чевли и чанти.

Уживам во шопингот, како кај нас така и надвор. Последна дестинација беше Рим – градот кој ме воодушеви, и целата инспирација ја носам од таму.

Накитот е исто така многу значаен за мене.

А сега отпочнав и соработка со една американска модна куќа  и се надевам дека сега ќе ми биде уште полесно за презентирање во јавноста.

Покрај облеката, чантите и чевлите, сметам дека секогаш треба да имам средена коса, нокти. Љубител сум и на добар парфем.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-06.jpg

Често ве гледаме како уживате во патувањата со вашата ќерка… Што е она што сакате да ѝ го пренесете за таа да порасне во исклучителна млада дама?

Со Лара ја шетаме Европа и сакам да ја запознае европската култура и да види што е светот, сакам да биде комплетна личност.

Ја советувам да биде моќна со знаење, а стилизирана одмерено, умерено, а во чекор со светскиот тренд.

Нејзината желба е да студира медицина, а јас како родител ќе се потрудам да ѝ го овозможам најдоброто школување.

Ја воспитувам да биде горда, самоуверена, да биде другарка, да помага, да биде емпатична.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-04.jpg

Последно, но не помалку важно, кој е советот што вие го добивте на почетоците на вашата кариера и што денес би ѝ го кажале на секоја девојка која се труди да се издигне во успешна бизнис-дама?

Најдрагоцениот совет го добив од мојата баба Бранислава која ме напушти и не успеа да ги види моите успеси, а ми велеше: „Росана и кога ќе паднеш, ќе станеш и никогаш да не зависиш од маж!“

Иако не беше писмена, беше многу мудра жена, многу убава, чиста, педантна, секогаш дотерана и средена, таа е мојот идол.



Би можело да ве интересира:

Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Марија од Скопје за ракот на дојка: „Не гуглав лекови, полесно ми беше да патувам по светот, отколку... „Дијагнозата само ми ги изостри сетилата за уживање во животот. За цело време на...
Панчо е страстен колекционер на патики: „Имам 136 пара“ „Со постариот син Андреја веќе сме ист број и тој ги носи моите патики и искрено...
Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата ем... „Сите мои досегашни слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' пор...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg