Росана Петревска – деловна жена и префинета модна дама, чија страст се чевлите и чантите (фото)

„Уживам во шопингот, како кај нас така и надвор. Последна дестинација ми беше Рим – градот кој ме воодушеви. Најдрагоцениот совет во животот го добив од мојата баба Бранислава која ме напушти и не успеа да ги види моите успеси, а ми велеше: „Росана и кога ќе паднеш, ќе станеш и никогаш да не зависиш од маж!“...“, споделува Росана Петревска за CRNOBELO.com.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-01.jpg

Росана Петревска, магистер по: Магистер по комуникациски науки – односи со јавност и докторант по: Докторант по организационен менаџмент, е бизнис жена која одлично се етаблираше во светот на комуникациските науки, но и привлекува внимание со својот негуван изглед, а и префинет моден стил.

Во CRNOBELO.com таа говори за модниот бизнис, позицијата на жената во деловниот свет, како и работите кои ја радуваат на приватен план:

Важите за една од најстилските дами во земјава од почетоците на вашата кариера, па сè до денес. Колку е „тешко“ да го одржите стилот и добриот изглед со оглед на сè побрзото секојдневие на жените?

Ви благодарам многу за таа констатација. Нескромно, но со 15-годишното искуство во областа на односите со јавноста, дипломатскиот протокол, надоградувањето како магистер, а сега како докторантка, не си дозволувам со толку голема инвестиција во себе, да направам грешка.

Жалам што многумина не ја толкуваат науката за тоа како се перципирани, каков имиџ градат, многу вредности се изместени и многу ми е жал што младите генерации немаат пример или соодветно образование каде може да научат како треба да се претстават себеси. Првенствено за себе, па потоа и за јавноста.

За мене многу е важно и многу говори како вие изгледате и како вие говорите, вербално, невербално затоа што сето тоа само ми овозможува правилно да ги кодирам пораките кои свесно или можеби несвесно се испраќаат.

Мојата мисија како професионалец е да наметнам висок и префинет вкус на умереност, но со доза на женственост и секогаш да бидам лидер како во професијата така и во модата.

Недозволиво е лице за односи со јавност да нема имиџ и свој печат на строго професионален и висок критериум за мода и наметнување на модниот тренд во деловниот свет.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-05.jpg

Кои се предизвиците со кои се соочуваат бизнис дамите денес? Како да се постави баланс помеѓу успешна кариера и приватниот живот, грижата за децата?

Јас лично од 2018 година се соочувам со многу тешки животни предизвици (пат со трње кој не секој го изодувал), но за среќа јас и покрај сè, успеав да се качам и позиционирам таму каде што сакам.

Работам макотрпно, учам, се надградувам, секако е тешко, ама најважната лекција ми е: „Во знаењето е моќта! Може сè да ми земат, но знаењето никогаш!“

Балансот воопшто не ми бил проблем затоа што како самохран родител својот живот го посветив на ќерка ми и на работата. Само трпението, истрајноста те носат до раскрсницата каде или ќе одиш кон врвот или удолу.

Јас сум прегорда мајка, се посветив на мајчинството и се гордеам на ќерка ми која реди успеси и на регионални и на државни натпревари и полека го трасираме патот кон омилената дестинација на Лара – медицината.

Секогаш и себеси и на ќерка ми ѝ велам, никогаш не се задоволувај со малку, верувај во Бог, дај максимална сила, учи и патот сам те води, низ многу пречки, ама животот е борба.

Нема поголема среќа од љубовта кон сопственото дете. Мојот живот и мојот крвоток е таа мала срна која сега станува девојка и која секојдневно ми создава чувство на гордост.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-02.jpg

Кои се моментите со кои особено се гордеете кога е во прашање вашата кариера?

Односите со јавноста се многу повеќе од истражувања на пазар и следење на конкуренција.

Лично мене најдрага награда ми се проектите и наградата од светски ранг која ми беше доделена.

Искрено, тоа ме прави горда и затоа докторските студии можеби не значат ништо, но за мене се само мотив да докажам дека ако сакаш да бидеш лидер во фелата, треба да бидеш по сите стандарди.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-09.jpg

Сметате ли дека жените се на заслуженото место во бизнис-секторот? Во смисла, последните статистики покажаа дека во ИТ секторот, сè уште сериозно доминираат мажите…

Апсолутно Не! Првиот пример сум јас.

Не сакам полова дискриминација и нееднаквост, ги поддржувам моќните, самоуверени жени кои знаат што прават. Треба да бидете сериозно цврст карактер, за да успеете во машкиот свет без афери и без рушење на својот авторитет.

За да се позиционираш треба да знаеш: чесните, искрените и искрените, потенцирам, намери може само да ти помогнат кон успехот.

Сè уште ценам дека допрва доаѓаат моите 5 минути, во најпродуктивните години сум и целосно можам да се посветам на работата и да му помогнам на општеството.

Но, тоа треба и некој да го препознае.

rosana-petrevska-delovna-zhena-samohrana-majka-i-prefineta-modna-dama-chija-strast-se-chevlite-i-chantite-foto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Бобан Илиоски, светски шампион во кикбокс за CRNOBELO: „Жртвував многу за да стигнам до титулата“ „Долгогодишна напорна работа и голема жртва ме донесоа до титулата. Длабоко во с...
Милена Антовска за љубовта со сопругот Гордан: „Сме имале непријатни ситуации заради мојата кариера,... „Со Гордан се знаевме од град. Една вечер се сретнавме во една кафеана, ни се ср...
Љубе (29) од Велес е мајстор за мебел од палети: „Сè започна како хоби, најбарани се гарнитурите за ... „Сè започна во 2018 година кога личната страст за изработка на мебел, од хоби пр...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Семејството Самарџиоски има пекарница на Малта: „Четврт бурек е 3,50 евра, продаваме и готвени јадењ... „Од неодамна започнавме и со традиционална балканска готвена храна, која се прод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg