„Само еднаш му сменив пелена на синот и му ја наместив наопаку“: Димитар Андоновски за татковството
Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на своите деца?
Уште е рано да се каже, но некако карактерно повеќе се препознавам во помалиот син, Гаврил.
Но, ќе видиме понатаму, можеби ќе сменат.
А на кого личат повеќе, на тебе или на мајка им?
Пред сè тие си личат на самите себе.
Михаил повеќе личи на мене, додека за Гаврил сè уште не можеме да се убедиме на кого личи повеќе.
Кој ги бираше имињата на децата? Имаат ли посебно значење?
Името за Михаил беше моја желба, бидејќи сакав мојот син да го носи името на мојот татко, во негова чест.
А сопругата го одбра името за второто дете.
Уште кога се договоривме за првиот син дека ќе се вика Михаил, таа знаеше дека ако има втор син, тој ќе се вика Гаврил.
Освен тоа, Гаврил на овој свет дојде и на самиот празник Св. Гаврил Велички.
За нас имињата имаат посебно значење, бидејќи покрај горенаведеното, тоа се имиња на двајца од седумте најголеми свети архангели.
Која ти е најубавата работа поврзана со татковство, а која ти е најстресната?
Најубавата работа е чистата љубов, чистата и силна енергијата која децата знаат да ми ја дадат.
Да ги гледаш како растат и да ги учиш на најголемите животни вредности.
Во сето тоа, доволно е стресно воспитувањето и прашањето дали правилно ги воспитуваме и дали ќе ги изведеме на вистинскиот пат.