„Само еднаш му сменив пелена на синот и му ја наместив наопаку“: Димитар Андоновски за татковството

„Името на Михаил беше моја желба, сакав да го носи името на мојот татко, во негова чест. Сопругата го одбра името за второто дете. Уште кога се договоривме за Михаил, таа знаеше дека ако има втор син, ќе се вика Гаврил. Освен тоа, Гаврил на овој свет дојде на празникот Св. Гаврил Велички. За нас имињата имаат посебно значење, бидејќи тоа се имиња на двајца од седумте најголеми свети архангели“, вели Димитар Андоновски за CRNOBELO.com.

postariot-sin-go-nosi-imeto-na-mojot-pokoen-tatko-dimitar-andonovski-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-01.jpg

Димитар Андоновски (37) веќе 8 години е во брак со саканата Христина, со која има два сина. Михаил има 6 години, а помалиот Гаврил, се роди во јануари 2022 година и веќе има 16 месеци.

Пејачот секојпат со многу љубов зборува за семејството.

Тој не крие дека сопругата и синовите му се најважни од сè. Па, иако поради работата нема секогаш време за нив колку што сака, тој сепак секој слободен миг го поминува покрај семејството.

postariot-sin-go-nosi-imeto-na-mojot-pokoen-tatko-dimitar-andonovski-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-15.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com Димитар ни раскажа за предизвиците со кои се соочил во татковството, кој ги избра имињата на децата и какво моќно значење имаат тие.

Ни откри и каков гаф направил кога сопругата го оставила сам со постариот син, а тој требал да му смени пелена.

postariot-sin-go-nosi-imeto-na-mojot-pokoen-tatko-dimitar-andonovski-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-02.jpg

Разговорот со Димитар Андоновски:

Какво беше чувството кога првпат ги зеде во раце синовите, се сеќаваш ли?

Како да не се сеќавам, тоа е момент кој се памети целиот живот.

Едноставно волшебен момент, полн со еурфорија, преплет на емоции, среќа.

Почувствував сосема нов облик на љубов.

Со првиот син чувството беше сосема ново, непознато, но веќе со вториот бев спремен за тоа што ме чека.

postariot-sin-go-nosi-imeto-na-mojot-pokoen-tatko-dimitar-andonovski-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-16.jpg

Имаше ли време да ѝ помагаш на сопругата Христина кога синовите беа бебиња? Си станувал ли ноќе за да ги заспиеш, нахраниш, да им смениш пелена?

Искрено, поради моите професионални ангажмани кои претежно немаат определено време и најчесто се во ноќните часови, ноќе не сум ѝ помагал секогаш.

Но, секое мое слободно време гледам да го поминам со нив и да помогнам што можам.

postariot-sin-go-nosi-imeto-na-mojot-pokoen-tatko-dimitar-andonovski-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-03.jpg

Како го минуваш времето со децата?

Времето со децата го поминувам релаксирано, играјќи друштвени игри, учиме нови работи, па знаеме и да музицираме, а ако е убаво времето, секако одиме во градскиот парк - нивното омилено место - за да прошетаме.

postariot-sin-go-nosi-imeto-na-mojot-pokoen-tatko-dimitar-andonovski-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-04.jpg

Кој е најголемиот гаф што си го направил како татко?

Сум немал многу гафови, освен тоа што кога првпат Христина ми го остави Михаил да го почувам, требаше да му сменам пелена, која му ја наместив сосема обратно од тоа како треба.

postariot-sin-go-nosi-imeto-na-mojot-pokoen-tatko-dimitar-andonovski-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg