Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омраза?“

„Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го замислиле или тоа што се претставил, но исто така самата жена е ‘виновна’ зошто таа го привлекла овој тип на човек. Јас се посветив на читање на многу теми, но посебно на психологијата и според многу истражувања една од причините кога една жена нема самодоверба е поради траума од детството.“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Ребека Наумоска, Македонка која беше мажена во Сан Франциско, а сега отворено зборува за сите бури и бродоломи што ѝ ги приредил животот, но и за тоа како се справила со нив.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-01.jpg

Ребека Наумоска е родена во Скопје, на возраст од 14 години се преселила во Франкфурт, Германија, а од 2018-та година живее во Сан Франциско.

Таа студирала Маркетинг и комуникација во Франкфурт, Нимберг и во Малага во Шпанија студирала финансии на шпански јазик, па така го усовршила и нејзиниот омилен јазик.

Во моментов Ребека во Сан Франциско работи како тутор по германски, англиски, шпански и македонски јазик, од септември 2023-та година ќе започне да студира правни студии, а желба ѝ е да биде адвокат за разводи и корпоративно право.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-05.jpg

Ребека 4 години беше во брак од кој доби еден син, а од септември 2022-ра година е разведена и сега живее со синчето.

Таа на својот Инстаграм профил честопати споделува видеа во кои отворено говори за тоа како е да се биде жена на која животот ѝ приредил голем број падови и бродоломи, но и за тоа како се справила со последиците од нив и успеала да исплива на површина.

Нејзините видеа се охрабрувачки за голем број жени што се соочиле со слични предизвици, а во коментарите честопати добива позитивни коментари од нејзините следбеници.

Во интервју за CRNOBELO.com со Ребека разговаравме за предизвиците со кои најчесто се соочуваат жените во моментот кога ќе одлучат да стават крај на бракот и да го напуштат токсичниот партнер, за тоа кои се најголемите предизвици со кои таа се соочила, но и како да се продолжи понатаму.

Проследете го интервјуто во продолжение во целост:

Кој е најголемиот страв со којшто најчесто се соочуваат жените пред да одлучат да ја напуштат токсичната личност?

Дека ќе го загубат детето, дека ќе им го земат. Жените најчесто се уценувани со тоа, но ни во една држава во светот детето не може да биде лишено од мајката.

Најчесто е 50/50. Се дели старателство со таткото.

Исто така постои стравот од тоа како жената ќе продолжи понатаму како самохрана мајка, како понатаму без сопствени пари? Како понатаму? Страв од битката, срам од семејството, срам од пријателите… Во Македонија сигурно и страв и срам од комшиите...

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-02.jpg

Колку според тебе е важна поддршката од најблиските за жената да може да се охрабри и да го напушти токсичниот партнер?

Најважна! Во тие моменти ќе разбереш кој ти е пријател, кој не. Јас направив добра селекција после тој период.

Која е тајната, како да се победи и да се надмине стравот од неизвесното?

На секој удар од животот и неизвесност, кажи благодарам и запрашај се: „Што сака да ме научи сега животот? Која дефиниција или лекција да ја извлечам од сè ова? Како да пораснам, како да станам посилна, како да станам поголем борец?“

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-03.jpg

Долго време беше невработена и целосно беше посветена на мајчинството. Сметаш ли дека жените што се финансиски зависни од партнерот почесто се изложени на опасност од малтретирање?

Не, не мислам така, но увидов дека жена без свои пари во џеб - нема никогаш да биде своја! Најлошо чувство е да зависиш од некој.

Јас од мала работев од 16 години во Германија: во пекара, па во слаткарница, па во кинески ресторан, па кај мајка ми во салон, па во American Express, па во BHF BANK сега се вика ODDO & Cie и во многу други познати компании.

Правев проект за Фереро компанијата за БИО линија на чоколадо...

Со ова сакам да кажам дека јас всушност никогаш од никој немам зависено и одеднаш сè тоа се промени кога се омажив и внатрешно ме уништуваше што не беа мои заработени финансиите.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-10.jpg

Велиш дека во последните 6 месеци си успеала да ја вратиш самодовербата. Дали сметаш дека животот во токсична средина е главен виновник за уништувањето на довербата во себеси, или пак тоа зависи какви сте како личност и пред бракот?

Да, дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го замислиле или тоа што се претставил, но исто така самата жена е ‘виновна’ зошто таа го привлекла овој тип на човек.

Не мора секогаш да станува збор за партнер, може и другарка да е, може да е шефот на работа.

Ние самите привлекуваме луѓе кон нас: тоа е законот на привлекување (the law of attraction).

Јас навистина се посветив на читање на многу теми, но посебно на психологијата на човекот и исто така според многу истражувања, една од причините кога една жена нема самодоверба е поради траума од детството која е стисната во срцето и еден ден ќе излезе на површина и или ќе те освести или ќе те убие.

Да, самодоверба се стекнува со пофалби од родителите додека растеме, но мислам дека не треба да им кажуваме на децата дека очекуваме од нив да се најдобри или пак да ги тераме да прават нешто што тие не успеале да го направат, да се лечат комплекси на своите деца.

Тоа се вика нарцистичен родител.

Потоа многу е лошо на децата да не им даваш вреднување на нивните чувства.

Како на пример има деца кои на 15 години, кога разговараат, звучат како да имаат 20, и покрај тоа што така звучат, човек не треба да ги третира како да се 20 години и да заборава дека тие се сепак деца сѐ уште и дека и да се прават силни – не се!

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-12.jpg

Тие само кријат чувства - за да не се разочара родителот во нив, поради тоа што како што кажав погоре - се работи за нарцистички родител.

Тоа е само една од причините зошто е можно едно дете да нема самодоверба.

Јас немав поради тоа што во основно ме вреѓаа дека сум дебела.

Децата тогаш и децата сега се брутално искрени и дури по малку злобни. Булинг е посебна тема…

Во Германија кога отидов во класот имаше едно девојче што намерно се обиде да им зборува на сите лошо за мене за тие на пример да не сакаат ни да ме погледнат.

Се сеќавам на моменти кога ќе ги прашав дали ќе одиме заедно во кантина за одмор и тие ќе кажеа нешто, како на пример: „Нема да одиме ние, но ти оди слободно“.

Кога ќе отидев јас - тие седеа на маса, се кикотеа со девојчето кое се погрижи да немам никого со кого ќе можам да прозборам.

Тоа беше во втора година средно. Такви траги кај децата мора во тој момент да се искоренат, да се зборува на таа тема, да се оди на психолог… Не е тоа нешто што може туку така да се земе „здраво за готово“.

Имам ред други случки што ме направиле несигурна и слаба личност, но животот и разводот дошле во мојот живот за тоа да се смени.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-09.jpg

Како да ѝ се прости на личноста што те повредила? Според тебе тоа е клучно за да може да се продолжи понатаму...

Треба време. Треба време за да разбереш дека со омразата спрема некого - не постигнуваш буквално ништо. Само се труеш себеси. Само зрачиш негативност. Одиш надолу.

Господ вели дека треба да простиме, треба да простиме со цело срце и душа, само така ќе се ослободиме од негативноста и од сѐ токсично во нас.

Само така ќе просперирате пак! Велат најдобрата одмазда е со крената глава горе да си отидеш гордо и достојно.

Еднаш некој ми рече дека тој човек што зборува лошо за бившиот - тој човек не е добар.

Тој човек се труе себеси, тој човек што не знае да се справи со болка од минатото и што има омраза во душата нема никогаш да биде среќен, нема никогаш да ги привлече вистинските луѓе. Секогаш ќе привлекува негативност и само ќе тоне надолу.

Јас простив. Никој не е перфектен, па ни јас. Не сум никој и ништо да судам. Така требало да биде. Благодарна сум за сите моменти со него. И лоши и добри.

Сакам мојот син да биде во можност без страв да си ги искажува чувствата за татко му пред мене, зошто од кал да е - татко е. Истото важи и за мајката.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg