Ангела Блажевскa: „На 19 години ми пресадија бели дробови, операцијата траеше 7 часа, сега слободно дишам“

Денес примаш ли некаква терапија?

Примам имоносупресивна терапија, којашто го намалува имунолошкиот систем, за да спречи телото да го одбие органот.

Треба да бидам активна, да пешачам, да спортувам за да се одржува добра функцијата на белите дробови.

angela-blazhevska-na-19-godini-mi-presadija-beli-drobovi-operacijata-traeshe-7-chasa-sega-slobodno-disham-09.jpg

Зошто донирањето на органи треба да престане да биде табу-тема?

Дарувањето органи кај нас е многу голема табу-тема, не знам зошто е тоа така, но се надевам нешто ќе се промени во блиска иднина.

Тоа е и мојата желба и мисија да се поттикне свеста за органодарителството во нашата држава, бидејќи така спасуваме нечиј живот, а тоа е нешто највозвишено.

Колку често правиш контроли?

Првите години правев почесто контроли, сега правам двапати во годината. Одам на контрола во Виена.

Секако, мора да се прават одредени анализи и да се следи состојбата.

angela-blazhevska-na-19-godini-mi-presadija-beli-drobovi-operacijata-traeshe-7-chasa-sega-slobodno-disham-05.jpg

Дали уште те мачат проблемите од болеста цистична фиброза?

Не, сега немам никакви проблеми којшто ги имав. Немам потреба од венска терапија, инхалации разни антибиотици и слично.

Сега е сè подобро, сега можам да трчам, да одам да планинарам, ја обожавам планината и чистиот воздух, потоа да возам велосипед и правам сè што ќе посакам.

Можам да кажам дека после трансплантацијата јас почнав да живеам.

Во последно време се прават историски трансплантации на органи во Македонија… Колку ги следиш овие вести?

Да, ги следам и многу сум среќна дека почнаа да се прават трансплантации, барем на некои органи во Македонија, а се надевам дека еден ден ќе можат да се прават и на бели дробови.

angela-blazhevska-na-19-godini-mi-presadija-beli-drobovi-operacijata-traeshe-7-chasa-sega-slobodno-disham-10_copy.jpg

Веруваш ли во хуманоста повеќе по донацијата што ја имаше од анонимен донор?

Секако да, тоа во државите во светот е нормална работа некој да дарува органи, дали во текот на животот, дали после смртта.

Би сакала да можев да го запознаам семејството на мојот донор и лично да им се поклонам.

Јас на мојот донор сум му најблагодарна, се трудам да ги користам белите дробови најдобро што можам во мојот втор живот, го живеам со полни гради.

angela-blazhevska-na-19-godini-mi-presadija-beli-drobovi-operacijata-traeshe-7-chasa-sega-slobodno-disham-02.jpg

Што би им порачала на сите кои се двоумат околу оваа тема?

Да не се двоумат бидејќи нема ништо похумано од органодарителство.

Дарувајте органи, живејте и после смртта.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ангела од Охрид е докторка со страст за животот - свири клавир, вежба и обожава патувања (фото) „И покрај тоа што потекнувам од докторска фамилија, мајка специјалист педијатар ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg