Валентина од Велес: „Мојот син Бубе 29 години живее со тешко оштетување на слухот, но црта, одгледува цвеќиња и пчели“

Кои се најголемите предизвици во секојдневието кога имате оштетен слух? Можете ли самостојно да функционирате или потребно е постојано да има некој со вас?

На почетокот додека беше мал, цело време бевме со него, ние како родители и неговиот помал брат, но сега нема потреба, сам функционира секаде.

Нормално, понекогаш му треба и наша помош, но во поголем дел од неговото функционирање се снаоѓа сам.

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-07.jpg

Од каде таа љубов на Бубе кон цвеќињата?

Бубе има многу свои таленти, најголем дел од своето слободно време го поминува во цртање, црта портрети по нарачка, а не учел техника за цртање, за тоа е самоук, односно учи преку интернет.

А голем љубител е и на цвеќињата, исто и за нив учи преку интернет, дома имаме преполно цвеќиња на нашите тераси и дворот. Сѐ е уредено од неговите раце и само тој се грижи за нив.

Исто така имаме и пчеларник и таму е преполно со цвеќиња и со медоносни дрвца и растенија, а Бубе е голем љубител и на пчеларството па им помага на брат му и татко му околу пчеларењето.

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-18.jpg

Во колкава мера овие активности му помогнаа да биде посреќен и позадоволен од животот?

Хобито кон цвеќињата и цртањето го прави многу среќен и исполнет.

Државата исто нема слух околу вработување на овие лица, согласно нивните способности и затоа тој не оди на работа, па денот го исполнува со ова негово хоби, а и придонесува во пчеларењето во нашиот пчеларник.

Честопати имате објави за тоа како Бубе „ги лекува“ запуштените растенија, можете ли да ни кажете во што е тајната?

Да. Тој е омилен меѓу членовите во Фејсбук групата ДВОРЧЕТО, редовно комуницира со сите, во почетокот бараше совети од членовите, а сега веќе тој им дава совети.

Да. Имаше случај кога цикламите на работа кај мене беа пред угинување, и му ги донесов на Бубе. И, искрено, не знам како ги третираше цела зима и сега и јас бев изненадена кога ги изнесе на тераса, преубави беа.

Тоа е од голема љубов кон нив. Цвеќињата бараат љубов и посветеност, а Бубе тоа им го дава беспрекорно и затоа сите цвеќиња и кактуси кај нас се преубави...

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-10.jpg

Од каде најчесто црпи информации за растенијата?

Како што и спомнав, највеќе преку интернет, а понекогаш и прашува во групата, бара совети и така има доста научено за цвеќињата...

Кое треба на сенка, кое треба на сонце... Кое сака многу вода, а кое не сака. И така... Затоа и не ни дава многу да му се мешаме да не расипеме некое цвеќе. Тие се само негова грижа.

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-21.jpg

Погледнете уште неколку фотографии од Бубе во продолжение:

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-13.jpg

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-14_copy_copy.jpg

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-15_copy.jpg

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-11.jpg

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-04_copy.jpg

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-20.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg