Рената - наша инспиративна урбана дама на која велосипедот ѝ е заштитен знак (фото)

Си го обожувам мојот живот на две тркала, и откако и климата се смени можам да кажам дека јас воопшто не го „гаражирам“.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-06.jpg

 Го возам речиси 365 дена во годината. Само кога има снег и поројни дождови е паркиран во ходникот на мојот дом.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-02.jpg

Велосипедот дефинитивно ми е омилено превозно средство за вршење на сите обврски.

Наутро сакам да се качам, си вклучувам италијанско радио кое постојано пушта сто проценти италијанска музика и се телепортирам во прекрасните јужни краишта на Италија.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-18.jpg

Ми го разбиструва умот, ме смирува, ми делува како јога за мозокот, одлично ми влијае на здравствената состојба, а кога сум отсутна од Македонија штом се вратам дома прва работа која ја правам е качување на велосипедот и одење до центар и назад, без никакви обврски, само колку да ми се надополни енергијата.

Имала или немала потреба јас се возам задолжително секој ден. 

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-21.jpg

Порано кога одев во канцеларија на работа јас секој ден одев со велосипед и тоа не влијаеше на мојот стајлинг. И така неретко можеа да ме сретнат на моите високи црвени потпетици во костим или раскошен фустан.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-22.jpg

Возам и на 40 степени во лето и на 3 степени зиме. Толку многу ме поврзуваат со тоа што понекогаш кога поминувам некој ќе ja потпевне песната: „Девојката со точакот“.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-08.jpg

Мене велосипедот не ме спречува да појдам на сите места кои вообичаено ги посетувам. Би била пресреќна ако повеќе сограѓани согледаат дека животот на велосипед е здрав начин на живот, кој носи многу предности и би била пресреќна доколку порасне бројот на корисници на велосипед.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-09.jpg

Продолжува на следната страница....


Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...
Инспиративна жена: Сузана е адвокат од Скопје, вљубеничка во трчањето и дама со став Таа е самоуверена жена со јасно изградени ставови, кои без проблем ги изнесува п...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Мак... Eдна од нејзините најпознати песни беше „Лијат години“, а денес со својот сопруг...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Мила ја живее својата есенска бајка во Орешани - со чајчиња со цимет, верверички и зимница (фото) „Според мене сите годишни времиња е поубаво да ги доживееш на село отколку во гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg