Виолета Томовска: „Без размислување решив да ги извадам градите за да го победам ракот, сега со 3 внуци уживам во пензионерските денови“

violeta-tomovska-78-bez-razmisluvanje-reshiv-da-gi-izvadam-dvete-gradi-za-da-go-pobedam-rakot-a-sega-so-tri-vnuci-uzhivam-vo-penzionerskite-denovi-13.jpg

И тука некако се наметна прашањето за нејзината борба со ракот. Виолета, како една од првите дами кај нас што јавно проговори за ракот на дојката, и денес е инспирација за многу жени и девојки кои минуваат низ истото.

„Јас наеднаш имав рак на двете дојки, а ништо не чувствував. Имав тогаш среќа, ме поврзаа со Љубљана и веднаш отидов да се оперирам.

Лекарот ми кажа дека треба да се оперирам, но остави на мене да размислам што ќе направам. Ми кажа и дека постојат различни начини за операција, но јас решив да ми ги отстрани двете дојки наеднаш. Не беше премногу зафатено местото, а знам дека може да се повтори. Веќе имав две ќерки, а сопругот, кој беше со мене во Љубљана, остави на мене да решам, ми кажа дека нема да ми се меша во мојата одлука.

Си мислев, ете, ќе примам хемотерапија, а потоа може пак да се појави. Може и цел живот да те гњави болеста и тоа да ти е само во глава. И така јас решив да се оперирам. Фала Богу, сега немам ништо. Тогаш примав слаба хемотерапија, морав зашто ги отстранив дојките.

Поминаа неколку месеци, ми се јавуваат мои пријатели од Австралија да одам да одржам неколку концерти. Им кажав не можам, дека се оперирав од рак на градите и дека примам хемотерапија. Ама, реков дека ќе размислам ако лекарот ме пушти.

Му се јавив на докторот во Љубљана, бидејќи и онака требаше да одам за контрола, а тој ми вели: ’Да одиш. Не мора да примиш сега хемотерапија, кога ќе се вратиш ќе продолжиме‘.

И така направив. Отидов да одржам неколку концерти во Австралија, па се вратив во Љубљана на последната терапија. Во следните неколку години одев на контроли 1-2 пати годишно. И тоа беше сè. Си ја опуштив психата“, искрена е Виолета.

violeta-tomovska-78-bez-razmisluvanje-reshiv-da-gi-izvadam-dvete-gradi-za-da-go-pobedam-rakot-a-sega-so-tri-vnuci-uzhivam-vo-penzionerskite-denovi-03_copy.jpg

Таа вели дека секогаш со задоволство ќе поразговара со жените кои имаат мака и ќе ги ислуша.

„На жените мора да им дадеш позитивна енергија. Прво секоја жена ја прашувам што чувствува, каде е оперирана, дали е едната дојка, двете, или е пред операција. Ги прашувам како поминале на операцијата, како реагираат психички на промените. Треба да им ја кажеме вистината на овие жени ако сакаме да ни веруваат.

Според моето искуство, доволно е жената да прифати и мало делче од она што ќе ѝ кажете.

По сите овие години, понекогаш се чувствувам како да станав психолог кој е тука да им помогне. Знаеш, не смееш да ги излажеш и да им ветиш некои работи. Секој пациент е индивидуален“, ни раскажа пејачката.

violeta-tomovska-78-bez-razmisluvanje-reshiv-da-gi-izvadam-dvete-gradi-za-da-go-pobedam-rakot-a-sega-so-tri-vnuci-uzhivam-vo-penzionerskite-denovi-11.jpg

Додаде и дека жените кои се борат или го победиле ракот, потоа се дружат многу, си ги раскажуваат своите приказни, дури и плачат, но тоа е нормално.

И, сосема за крај, ја прашав како се негува за во осмата деценија да изгледа одлично.

„Пред неколку дена ми беше роденден, на 28-ми март наполнив 78 години. Немам тајна на изгледот, баш ништо специјално. Сега откога не пеам, слабо и се шминкам. Кај мене е сè природно, водам најнормален живот, само тоа“, вели Томовска.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg