Наташа Трајчевски: „Веќе 5 години Кипар ми е дом - сопругот игра фудбал тука, со ќерките постојано сме на плажа“
Ларнака, Лимасол, Аја Напа... Според тебе кој е најубав град таму и зошто?
Според мене секој град си има своја убавина, душа, знаменитост, препознатливост, историја, дух, топлина, за мене најпосебен е Лимасол.
Каков е главниот град Никозија?
Главниот град Никозија е единствениот поделен главен град во светот, северниот дел на градот припаѓа на Турска Република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар.
Двете страни се тотално различни, од култура до население и менталитет.
Турскиот дел со еден збор е позапустен, нечист, има постари градби, додека пак грчката страна е во ЕУ и е средено со преубави плажи и прекрасна кујна, која е многу слична на нашата.
Колку се високи цените и стандардот на живот?
Има голема разлика на цените од пред неколку години, па до сега.
Цена на кафе се движи од 3 евра, па нагоре, локално пиво е 5 евра, пица маргарита 10 евра. Ноќниот живот е доста скап и претставува еден вид на луксуз. Коктел или пијалак е помеѓу 13 и 15 евра.
Пред да одиме на Кипар што треба да знаеме?
Пред да дојдете на Кипар задолжително со себе да си понесете костим за капење и крема за сончање.
На Кипар се вози на лева страна од патот, а воланот на десна страна.
Можеш ли да замислиш да живееш таму до крајот на животот? Или каде би сакала...
Кипар ни е љубов, втор дом на нашата фамилија, децата израснаа тука, го сакаат многу и кога би имале можност, секако би останале да живееме.