Никица Ацева: „Атлантскиот Океан е студен, но во Португалија ќе имате еден од најубавите одмори во животот“

„Во Португалија четири дена шетавме, а четири дена бевме во класично туристичко место со многу плажи. Лисабон е неверојатен, типично декорираните згради со традиционални португалски плочки му даваат посебен дух на градот, заедно со трамвајот. Од другиот дел пак ме воодушевија огромните плажи со ситен песок, формациите од карпи и познатата адреналинска тура со брз брод со која се влегува во сите недостапни и пусти плажи на брегот, но која не се препорачува за фамилии со мали деца, бидејќи е навистина адреналинска …“, раскажува Никица Ацева (25) од Скопје за CRNOBELO.com.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-01.jpg

Никица Ацева (25) од Скопје, блогер и иден маркетер (последна фаза на студии) во моментов живее во Хановер, Германија со партнерот. Вели дека градот е преубав, важи за еден од најзелените градови во Германија и има многу чист воздух, едноставно да ти е мерак да дишеш.

За одлуката за преселба од Македонија во Германија вели:

„На чекорот за преселба се одлучивме уште пред две години, но чекавме да спласне малку ситуацијата со короната. Со оглед на тоа дека претходно го студирав германскиот јазик на некој начин одамна се определив дека ќе работам нешто поврзано со јазикот, но на крајот испадна дека ќе работам „некаде“ со него.

Главно причината беше и двајцата да се доизградиме како личности, жедта за напредок и откривање на нови хоризонти. Многу ни е убаво и мило ни е што ни се пружи шанса да дојдеме тука.“

Од Германија, Никица и нејзиниот партнер се одлучија да ја посетат Португалија како дестинација за летен одмор.

Таа за CRNOBELO.com ги споделува впечатоците оттаму:

Зошто токму Португалија како дестинација за одмор?

Може да се каже дека Португалија како дестинација за одмор ја планираме откако сме пар. Многу ги сакаме топлите европски земји со сличен карактер, Шпанија, Португалија, Италија итн., па така годинава на ред дојде токму Португалија.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-24.jpeg

Исто така, мене најмногу како тип на одмор ми одговара комбинација на град и плажа и затоа се одлучивме за Лисабон и Алгарве.

Четири дена шетавме, четири дена бевме во класично туристичко место со многу плажи и вистински се одморивме.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-10.jpg

Зошто ти се допадна Португалија уште на првото стапнување таму?

Не знам што попрво да одговорам на ова прашање. Буквално сè беше преубаво.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-20.jpg

Ќе започнам од луѓето, толку се пријатни, гостопримливи, со еден збор топли, сакаат да помогнат, дури и ако не ги прашаш за помош ако те гледаат со многу куфери се нудат да помогнат или да ти дадат насоки кон целта.

Лисабон е интернационален град, скоро сите зборуваат англиски и е лесно за снаоѓање. Типично декорираните згради со традиционални португалски плочки му даваат посебен дух на градот.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-15.jpg

И секако да не го заборавам трамвајот како најпозната туристичка атракција на градот кој го има скоро на сите магнетчиња.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-13.jpg

Од другиот дел пак ме воодушевија огромните отворени плажи со ситен песок, особено е убаво кога го шетате целиот брег од горе и се гледаат оние „чуда на природата“ односно специфичните форми на карпите кои се создале од брановите низ вековите.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-12.jpg

А ништо помалку рамнодушни нема да ве остави ниту познатата адреналинска тура со брз брод со која се влегува во сите недостапни и пусти плажи на брегот, а исто така и водичите несебично споделуваат интересни историски факти за сите селца што се гледаат по пат. (Ова не се препорачува за фамилии со мали деца, бидејќи е навистина адреналинско).

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-02.jpg

Колку време се патува од Германија до Португалија? Колку чини авионски билет? 

Сигурно имаше и побрзи, но и поскапи опции. Ние се одлучивме за трансфер летови кои беа навистина достапни верувам за секого.

Картите за двајцата во еден правец беа околу 200 евра, значи вкупно 400-415 евра. Натаму летавме 6 часа, но на враќање малку повеќе. Во секој случај се сè издржува и сè е едно големо искуство.

nikica-aceva-atlantskiot-okean-e-studen-no-vo-portugalija-kje-imate-eden-od-najubavite-odmori-vo-zhivotot-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg