Ангела Трајкоска: „Во Кападокија турски чај е 30 денари, а летот со балон е незаборавно искуство“

Какви се цените?

Цените се прифатливи и не се превисоки за туристичко место. Има локали за традиционална храна која е со релативно поевтини цени, но може да се најдат и поелитни ресторани со полуксузен начин на служење на храна.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-21.jpeg

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-12.jpeg

Турскиот чај е со ниска цена и истиот чини 5 лири или 30 денари. Претходно го имавме пробано типичниот турски чај, но во работилницата за рачна изработка на предмети од керамика бевме послужени со топол чај од јаболко којшто мора да се проба.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-24.jpeg

Зошто Кападокија е уникатно доживување?

Кападокија е спој на модерна туристичка атракција со балони и мистична приказна за уникатните градби и пештери и која раскажува за настани кои се клучни за христијанството.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-13.jpeg

Зелената и црвената тура се препорачливи за да се доживее и истражи во целост Кападокија. Тоа се целодневни екскурзии во кои ги посетивме: Музејот на отворено Ѓореме во кој се сместени седум христијански цркви во карпи, прекрасни видиковци на долините, фасцинантниот подземен град Кајмакли којшто се протега осум нивоа под земја и чии тунели откриваат историски винарии, кујни и соби за дневен престој користени уште од седми век пред нашата ера, куќи во облик на печурки во долината Пашабег, двочасовна тура со јавање на коњи и се разбира кревањето на стотици балони во воздух на изгрејсонце.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-16.jpeg

Има ли рестрикции таму поради пандемијата? Се носат ли маски?

Бидејќи е туристичко место, па скоро и да не заприметивме дека патуваме за време на пандемија. Маски носевме само на аеродромите и за време на летот од Скопје до Кајсери.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-05.jpeg

Колку дена се доволни за убаво да се доживее Кападокија?

Четири до шест дена се сосема доволно за целосно доживување на Кападокија.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-18.jpeg

Доловни ни ја атмосферата од пештерските хотели…

Престојот во CAVE хотел е задолжителен за комплетно патување низ времето и доживување на животот на луѓето кои во минатото живееле во Кападокија.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-02.jpeg

Сепак, во денешно време хотелите се современо уредени, но со задржување на автентичноста на пештерите и внимавање на деталите за доживување на атмосферата и традицијата.

angela-trajkoska-vo-kapadokija-turski-chaj-e-30-denari-a-letot-so-balon-e-nezaboravno-iskustvo-09.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Теона Манго за посетата на Кавказот: „Пејзажите во Грузија се без конкуренција, а во Азербејџан има ... „Мораше да се направи добра логистика бидејќи Ерменија и Азербејџан се во конфли...
Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“ Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg