Душан Стојилковиќ живее 6 години на Сејшели: „Има највкусен рум и уникатни плажи, но нема ноќен живот“

Викторија е еден од најмалите главни градови во светот, долови ни го животот што е карактеристичен таму?

Животот во главниот град е поврзан со утринските часови и до 16 часот кога се завршува работното време. Потоа градот е сосема празен.

Северниот дел на островот е задолжен за вечерни излегувања и има неколку барови, а додека јужниот дел е поприлично тивок и див. Една важно информација за сите – ако дојдете на Сејшели и очекувате возбудлив ноќен живот веднаш заборавете го тоа и променете ја дестинација. Сејшели нуди сосема поразличен туризам – одмор за дух и тело.

Го истражуваш ли често подводниот свет?

Што се однесува до подводниот свет, уживам да нуркам со подводна маска иако вистинско нуркање сè уште немам пробано. Јас сум повеќе да газам на тврда почва. Планинските врвови и тропските шуми се фантастични.

Секој викенд моја главна активност е планинарење и освојување на нови врвови од кои го гледаш океанскиот хоризонт. Често не можам да ја пронајдам границата помеѓу небото и океанот.

Каква им е храната? Кое ти е омилено јадење?

Морската храна дефинитивно е број еден. Сејшели е еден од најголемите извозници на туна во светот. Риба генерално е квалитетна. Покрај тоа морски плодови се главни на мени. Салати од тропски зеленчук и овошје се совршени.

dushan stojilkovikj sejsheli nema vozbudliv nokjen zivot no zatoa e destinacija kade sto mozete da gi odmorite i dihot i teloto 3

Треба да ја најдеме убавината на местото каде што планираме да поминеме еден дел од животот. Тоа е еден од условите за внатрешна исполнетост. Што е она што најмногу те воодушевува и си благодарен што живееш на Сејшели?

Од кога живеам на Сејшели го намалив консумирањето на месо и се чувствувам одлично. Овошје има насекаде околу вас. Разни видови на банани, манго и карамбола буквално ви се на дофат со раце додека шетате.

Најважно за мене, како што и спомнав е квалитетот на животот и мирот и спокојот кој островот го пружа. Многу се работи, не е воопшто лесно. Но, на крајот од денот во такво опкружување човекот заборава на своите проблеми и добива нов елан да продолжи понатаму.

dushan stojilkovikj sejsheli nema vozbudliv nokjen zivot no zatoa e destinacija kade sto mozete da gi odmorite i dihot i teloto 5

Сејшели се уникатни острови затоа што…?

Убавината на морето и боите кои ги будат сите сетила. Мир кој е мелем за душа и тело. Плажите се со природна сенка од дрвјата кои растат покрај брегот. Песокот е толку фин и проѕирен, на моменти нереален, а зајдисонцата одземаат здив.

И најважно е тоа што секој остров, секоја плажа, секоја патека за планинарење е сосема поразлична.

И како за крај, што е она што секој посетител на Сејшели треба да си го понесе со себе кога се враќа дома?

Ги повикувам сите луѓе кои се во можност да го посетат островите и да се уверат во единственоста и убавината на истите. Заборавете на „all inclusive“ одмори и искусете нешто поразлично. Добро прашање – што ќе понесете со себе? Илјадници моменти кои ќе ги паметите цел живот.

Го препорачувам локалниот рум, ендемскиот кокос coco de mer, кој не можете да го најдете на ниту едно друго место во светот. Во моментот има многу локални уметници и мали занаети каде можете да пронајдете прекрасни производи. Од сликари до дизајнери на накит, преку прекрасни маици и торби со уникатни островски принтови.

dushan stojilkovikj sejsheli nema vozbudliv nokjen zivot no zatoa e destinacija kade sto mozete da gi odmorite i dihot i teloto 20

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg