Дијана Коциќ живееше 2 месеци во Танзанија: „Пешачев со пијавица залепена на нога, луѓето зјапаа во мене“
Годинава, покрај тоа што пандемијата нè тресна од земја, ни посочи дека многу малку ја познаваме сопствената државата. Мислам дека тоа беше единствената опција за патување периодов. Со надеж дека наскоро ситуацијата ќе се врати во нормала, кои места во Србија препорачуваш да се посетат?
Стара Планина е скапоценост од природа која ја открив оваа година и која ми ја покажа Србија на еден сосема автентичен начин. Престојот во стари куќарки, појадок во склоп на домаќинска куќа, недопрена природа и вода која се пие директно од река се некои од причините зошто се заљубив во овој дел од Србија.
На сè тоа, ме фасцинираше што луѓето од тој крај се обединија и ја одбранија реката на која требаше да се гради хидроцентрала.
И покрај сè, Дијана ти не дозволи ситуацијата да влијае врз твојата одлука за патување. Ја посети Месопотамија, беше на Кипар… Можеби и на уште некое друго место. Како ја доживуваш новата нормалност како патувач со која се соочува светот? Како е по аеродроми, во авиони…? Како е низ местата кои мината година биле преплавени со туристи?
Патувањата за време на корона ме воодушевија. Многу повеќе сакам самостојно организирани патувања, посета на места каде нема многу луѓе и каде можат да се доживеат автентични искуства. Верувам дека не може да ја бираме околноста и останува на нас да се водиме според сопствени преференции.
Јас оваа година искористив да работам 3 недели на море за кое мечтаев. Ми годеше ритамот на својот мир и убавините на Турција и Кипар. Шетав, за мене, неистражени дестинации и се прилагодлив на нови ситуации онака како што ми одговара. Сместување и рентање на кола се евтини, има значително помалку луѓе на туристички места – тоа е бенефитот од корона за сите патувачи.
Мој впечаток е дека многу повеќе се води сметка за дезинфекција и заштита на аеродромите и во авионите, отколку во Белград по кафулиња.
Како за крај нема да те прашам за планови за идни патувања, нека се случат кога ќе им дојде времето. Кои авантури и моменти ти ја одбележаа 2020 година?
Капење покрај потопена џамија во Еуфрат во Турција, капење во водопадите на Стара Планина и капење во ноември на Кипар.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело