Александра Атанасовска: „Локалците не зборуваат за Пабло Ескобар, а Колумбија е прекрасна земја со најљубезни луѓе на свет“
Интересни навики на локалците …
Едно од моите омилени. Колумбијците кои живеат на карипскиот брег, одат навечер на плажите да го гледаат зајдисонцето. Импресивно е. Ако сакаш да седнеш на некои од лежалките или столиците кои се издаваат преку ден за сончање мораш да платиш, за да го гледаш зајдисонцето.
Духот на Колумбијците е …
Прекрасно оптимистичен и весел, и покрај сè. И најсиромашните луѓе се насмеани и љубезни. Гостољубиви како никој друг. Се чуствував како дома.
Дали навистина оваа земја изобилува со бои? Кое е најшареното катче што го посети?
Хетсемани населбата во Картагена и секако најшареното мало гратче во Антиокиа, Гватапе. Во Гватапе секоја куќа и зграда е уметничко дело.
Постои таканеречена историја на зокала. Секоја куќа и продавница има свое сопствено зокало. Зокало е нешто како обележје, амблем. На пример на пекарите има шарени, живописни цртежи од пекарски производи, на продавниците за облека од шарени машини за шиење итн.
Има и комплексни цртежи кои опишуваат цели истории на локалните семејства. Интересно е дека секоја куќа мора да има сопствено зокало, мора да биде нацртана.
Гватапе е познат како најшарениот град на светот.
Кој совет би го дала на луѓето кои планираат да ја посетат оваа земја?
Да се спремат да бидат позитивно изненадени од Колумбија. Навистина е прекрасна и топла. Луѓето ќе ве прифатат како да сте дел од семејството.
Што би донела од Колумбија во Македонија?
Дефинитивно кафе и колумбиски рум. Колумбијскиот рум има вкус сличен на виски и сосем суптилна арома на рум.
Интересен факт за Колумбија е дека нема годишни времиња, климата се дели на сува и дождовна сезона. Во Богота е на пример секогаш есен, Медељин е градот на вечната пролет, во Картагена е секогаш лето.
Уште фотки од нејзиното патување:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело