Сања Мишковски за одморот на Тасос: „Бевме сместени во Скала Потамиа, островот има рајски плажи, а две лежалки се околу 20 евра“

Посетивте ли некое живописно селце, манастир, локација? Зошто ти се допаднаа?

Успеавме да посетиме едно прекрасно селце со уникатен пејзаж и интересна архитектура – селото Панагија.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-22.jpg

Има бујно зелена вегетација и ноти на бор, кои продираат во воздухот. Селото е густо населено, со тесни улички направени од камен и богато со извори на свежа вода.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-17.jpg

Најпознат извор е „Извор на љубовта“, кој претставува еден од главните туристички атракции во Панагија.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-18.jpg

Зошто токму во јуни? Имаше ли туристи и од каде беа?

Го одбравме јуни како месец за море, поради не многу високите температури (до 25 Целзиусови степени) и помалиот метеж од туристи бидејќи сè уште не е отпочната сезоната за летување.

Присутните туристи најчесто беа од Романија, Србија, Бугарија и Македонија.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-14.jpg

Убава ли е природата? Дали е ова најсилниот адут на островот?

Верувам дека секој остров има свој шарм и по некоја специфичност по што се издвојува и запаметува. Токму убавата богата природа која нуди спокој е причината поради која ќе се вљубите во ова место.

Комбинацијата на сино зелена боја на морето, златен или бел песок, мирисот на бор и мед е одличен избор за одмор и полнење на градите.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-02.jpg

Колку часа трае патот до таму и колку патувавте со траект?

Патувањето воопшто не е напорно. Се патува околу 5 часа со автомобил или 6 часа со автобус, а патувањето на траект е околу 40-тина минути.

Картата за траект за автомобил е 35 евра, а за автобус е 20 евра по лице.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-19.jpg

Какви беа цените на островот-лежалка, кафе, гиро, пиво?

Со оглед на тоа што сè уште не беше отпочната сезоната, цените беа релативно пристапни, но кон средината на јуни почнаа постепено да се зголемуваат.

Па, така кога пристигнавме (почеток на јуни) лежалките главно беа бесплатни, со опција за кафе/храна, а кон средината на јуни нивната цена изнесуваше околу 20 евра.

Цената на кафето е околу 5 евра, гиро околу 4 евра, локално пиво 7 евра, пица околу 12 евра, вафла околу 11 евра, грчка салата 7 евра итн.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-11.jpg

Го препорачуваш ли Тасос како дестинација за летување за млади, возрасни и семејства со мали деца?

Секако! Како што напоменав, Тасос е место кое нуди услови и забава за секоја генерација.

Плитката чиста вода, песочните плажи, боровата вегетација и чистиот воздух се одлични за малите деца, но секако и за сите нас, особено по долгите периоди на загаден воздух.

Верувам дека секој што ќе го посети, ќе има можност за вистинска релаксација, забава и авантури. Топло го препорачувам.

sanja-mishkovski-za-odmorot-na-tasos-bevme-smeseni-vo-skala-potamija-26.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg