Подгответе: Млечни коцки кои се топат во уста
Со малку труд ќе направите многу вкусен, сочен и мек колач кој ќе ве освои по првото залче. Млечно-чоколадно задоволство не кое никој нема да остане рамнодушен!
Состојки за бисквит:
- 6 јајца
- 6 лажици брашна
- 6 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за печиво
- 4 лажици какао
- 6 лажици врела вода
- Голема чаша млеко
Состојки за чоколаден крем:
- 100g млечна чоколада
- 100g чоколада за готвење
- 5 лажици млеко
- 4 лажици шеќер во прав
- 150g маргарин
Состојки за бел крем:
- 1l млеко
- 7 лажици густин
- 4 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 150g маргарин
- 100g шеќер во прав
Подготовка на бисквитот:
Одвојте ги белките од жолчките и измешајте ги жолчките и шеќерот. Постепено додавајте ги останатите состојки, а на крајот и изматените белки. Печете во голема тава, 25 минути на 180 степени. Печениот бисквит оладете, а потоа пресечете го на два еднакви дела.
Подготовка на белиот крем:
Од предвидената количина на млеко одвојте околу 150ml и помешајте го со густинот и шеќерот. Остатокот од млекото оставете го да се свари, па во длабок сад варете го заедно со густинот. Варете додека не се згусне, а потоа додајте го маргаринот со шеќерот во прав.
Подготовка на чоколаден крем:
Помешајте го чоколадото, маргаринот, шеќерот и млекото, па ставете ги на тивок оган и мешајте додека не се соединат.
Првиот дел од бисквитот натопете го со млеко, премачкајте го со белиот крем, па на крај со чоколадниот. Прекријте го со другата половина и повторете ја постапката.
Направениот колач оставете го да се олади, па потоа расечете го на мали коцки. Декорирајте со слатки зачини или овошје по желба.
Би можело да ве интересира:





