10 правила за уредување на домот на кои треба да заборавите
Не го мерите просторот
Ова е можеби најчестата грешка при уредување на домот.
За да го избегнете натрупувањето, пред да купите мебел или што било, мора да ги измерете просторот и димензиите на мебелот.
Експертите советуваат дека во секоја просторија би требало да има простор за поминување од околу 90 сантиметри.
Користење на собата за само една намена
Нема потреба да се држите до одредени правила кога станува збор за намената на собата.
На пример, трпезаријата не мора да биде само просторија за јадење – во неа можете да ги наредите вашите книги.
Во дневната, пак, можете да си направите катче за работа.
Само еден извор на светлина
Светилките се важна компонента во секој дизајн бидејќи се и извор на светлина, и декорација.
Воглавно, само еден извор на светлина, како лустерот на таванот, не е доволно за една просторија. На овој начин просторот може да изгледа многу темно.
Наместо тоа, наредете повеќе мали ламби, со кои ќе можете и да акцентирате разни делови од просторот.
Оставање простор помеѓу елементите на гарнитурата
Ако оставате простор помеѓу фотелјите и креветите во дневната, ќе зафатите поголем простор од собата и ќе ја направите помалку функционална.
За да го избегнете ова, но и да го направите просторот поудобен, спојте ги елементите од гарнитурата.
Не го следите вашиот личен стил и вкус
Кога го уредувате домот, сигурно барате инспирација на интернет, кога всушност, инспирацијата треба да ја побарате кај вас.
Само вие можете да го направите вашиот совршен дизајн, и на тој начин ќе оставите личен печат на просторијата.
Се разбира, секогаш можете да се консултирате и со професионалци, но воглавно, следете го вашето срце.
Спирова С. | Црнобело