11 работи кои ја „убиваат“ атмосферата во вашиот дом
Недоволно осветлување
На сите ни е потребна сончева светлина, но доколку од некои причини, во некоја просторија нема доволно природна светлина, тогаш треба да се погрижите за осветлувањето и да не ја оставате собата темна.
Насока на шарата на подот
Можеби звучи чудно, но во малите соби, паркетот и ламинатот не треба да се реди во насока на ѕидовите, туку дијагонално од нив, бидејќи така просторот изгледа поголем.
Бојата на ѕидовите
Премногу светли или премногу темни ѕидови може да создадат многу лош впечаток и непријатно чувство. Најдобро е да се користат умерено светли тонови за ѕидовите бидејќи така визуелно се проширува собата, но исто така овозможува да се чувствуваме попријатно и смирено во удобен дом.
Изобилство на детали во светла боја
Претерано „креативниот“ дизајн може да доведе до пренатрупаност и шаренило која никому нема да му биде пријатна. Доволно е да имате само по некое светло катче и одреден број на светли и впечатливи бои.
Неред
За крај, секако, без разлика колку е добро уредена собата и има пријатна атмосфера, доколку е просторијата во неред, никој нема да сака да седи во неа и нема да се чувствува удобно.
М. М. | Црнобело