11 идеи како бројот на вашата куќа да биде впечатлив детаљ во домот
Доколку живеете во куќа знаете дека палетата на работи кои можете да ги промените е огромна, но една од работите кои најверојатно никогаш нема да ги промените е бројот на вашата куќа.
Зошто тогаш не ја изберете најкреативната можна опција за да го означите? Сината табла со бели букви нека стои закачена на надворешниот ѕид, но вие нагласете го бројот на многу позабавен начин.
Еден од начините е да му дадете органска вибрација на вашиот дом е така што ќе ставите бројки направени од иверица и покриени со смола.
Ако сакате весела атмосфера, ставете голема кутија во силна боја на која ќе го испишете бројот. Во неа можете дури и да засадите цвеќе.
За тематска куќа изберете некој предмет што е во духот на вашиот дом и на него прикачете бројки. За куќа на плажа, веслото е одличен избор.
Уште една интересна идеја е на стари стаклени шишиња со бела боја да го напишете бројот.
Погледнете ги овие идеи и уште неколку други што веднаш ќе ве освојат:
С. С. | Црнобело