Здраво, лето: 10 убави начини да ја поканите сончевата сезона во домот
Нека вашиот животен простор потсетува на сцена од годишен одмор, со палми, шеќерни пастелни нијанси и боја на песок во ентериерот и градината.
Летото се ближи, а вам домот ви е сè уште мрачен и обоен со пригушени тонови?
Внесете малку свежина во својот животен простор и создадете летна атмосфера што ќе ве опушта и релаксира од ден во ден, дури и ако на годишен одмор заминете на самиот крај од летото.
Постојат навистина многу начини на кои може да ја поканите сончевата сезона во вашиот стан или куќа, но ви ги издвоивме десетте омилени, а кои не е нималку тешко да ги ископирате:
1. Палма
Набавете си ја оваа атрактивна билка за дневниот престој, па после работа ќе може да „глумите“ дека сте во Мајами.
2. Весела постелнина
Разведрете ја спалната соба, избирајќи постелнина со живи и игриви дезени.
3. Шарен килим, во спој со детали во нежни пастелни нијанси
Провлечете ја омилената пастелна нијанса низ просторот, а сè зачинете со впечатлив килим со откачени бои.
4. Многу сезонско цвеќе со ведри бои
Има ли нешто поубаво од вазна полна со прекрасни цвеќиња?
5. Плажа на балконот, терасата или во градината
Ако имате балкон или градина, направете си мала оаза, каде по враќањето од работа ќе уживате како да сте на луксузен одмор.
6. Слика што вика: „Летото стигна!“
Евтино и брзо, а толку ефектно, зар не?
7. Завеси со тропски мотиви
Ваквите завеси може да ги прикачите на корнизите, но и зад креветот, создавајќи си пријатна и убава летна глетка.
8. Врата во корално црвена боја
Еден вака моќен детаљ, инспириран од морскиот свет и зајдисонцето, ќе ви го разведри целиот дом.
9. Игра со тоновите на песок и море
Беж и аква сината се одличен тандем во природата, па зошто не би биле и во вашиотдом?
10. И детска соба со неонски бои
Децата и тинејџерите ќе бидат воодушевени!
М. А. | Црнобело