20 начини како малата соба да изгледа визуелно поголема

Минијатурна кујна, мал простор за дневна соба, низок плафон - сите овие недостатоци во домот може да ви ги ограничат можностите за да го уредите по ваш вкус.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-001.jpg

Но, не и ако имате доволно идеи и фантазија. Само ви требаат вистинските трикови кои визуелно ќе создадат илузија на поголем простор. Секако, без да давате многу пари.

Овие 20 начини се најлесните кои можете да ги искористите за секоја соба во домот:

1. Ако сакате завеси, тогаш одбирајте ги да бидат во иста боја со ѕидовите. Плус, треба да се тенки, тешки и долги.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-01.jpg


2.
Сепак подобра опција е да и дозволите на природната светлина да влезе низ прозорците. Не ги покривајте со ролетни или украси. Просторот околу нив нека биде чист и празен.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-02.jpg


3.
Купувајте мебел со ногари, наместо оној кој е прилепен за земја.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-03.jpg


4.
Симетријата е најдобриот пријател на малите соби.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-04.jpg


5.
Неутралните бои се правиот избор за основа на секоја мала просторија.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-05.jpg


6.
Користете ист материјал за различни парчиња мебел. Пример, завесите, перничињата и простирките за на маса може да бидат со идентична шара, од идентичен материјал. Ќе се зачудите од ефектот.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-06.jpg


7.
Секогаш е паметно да користите мебел кој се трансформира и има повеќе намени.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-07.jpg


8.
Користете огледала за да додадете големина на просторот. Пример, огледалото на вратата или гардероберот е секогаш добра идеја.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-08.jpg


9.
Тајната е во балансот. Кога го бирате мебелот, одберете кауч кој ќе доминира во собата, а останатите масички и полици нека бидат минималистички. Или обратно - ако одбирате минималистички кауч, погрижете се останатите парчиња мебел да бидат впечатливи.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-09.jpg


10.
Користете ја висината на собата до максимум, како на пример за полици од под до таван.

20-nacini-kako-malata-soba-da-izgleda-vizuelno-pogolema-10.jpg

Уште 10 тајни и трикови на следната страна..



Би можело да ве интересира:

6 трикови за мала трпезарија – како да ја направите визуелно поголема? Користете светли бои и фокусирајте се на минимализам кој може да создаде илузија...
„5 работи кои не би ги ставил во мојата дневна соба“ со архитектот Лука Радовиќ „Никогаш не би ставил дома неудобно парче мебел - без разлика дали е дизајнерско...
Како да го трансформирате малиот ходник во пролетна оаза? Свежо цвеќе и детали во весели бои – не ви требаат многу труд и пари за да го тр...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
Мали стаклени масички – модерен додаток за во дневната соба Доколку сакате да промените нешто во дневната соба, тогаш размислете за поставув...
Трендови за уредување на ентериерот во 2024 кои станаа омилени меѓу дизајнерите Ѕидови со текстура, метални украси, сончеви тонови... Иако годината е сè уште на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg