Како сцена од бајка: Вистинска новогодишна магија во стан во Скопје (фото)
- Детали
- четврток, 03 декември 2020
„Избрав да одам на модерен-рустикален стил. Боите што ги користев се неутрални и совршено се вклопуваат со другите бои во мојот дом. Користев зелена, бела, беж, златна и црна боја кои заедно создаваат прекрасен и модерен изглед, а најмногу користев ѕвезди за празничен амбиент“, открива Боро.
Боро Секуловски од Скопје е познат како вљубеник во уредувањето на домот, а секоја сезона тој тематски го краси.
Така, по есенските декорации, сега се префрли на новогодишните. Неговиот дом периодов изгледа како сцена од бајка.
Боро за CRNOBELO споделува трикови за совршено новогодишно украсен дом:
„Нова година и Божиќ се приближуваат, а декорирањето за овој период од годината ми е една од омилените работи. Ја сакам прекрасната атмосфера што се создава, прекрасните мириси и новогодишната атмосфера.
Сите сè уште можеби не сте навлегле целосно во новогодишното расположение, и сметате дека може да биде малку тешко да се започне со декорации, па јас сакам да ве инспирирам околу тоа.
Тука, како и на мојот Инстаграм профил @boro.kosa ќе споделам многу совети како да го подготвите домот во духот на празниците што ни следуваат.
Користете ѕвезди за празничен амбиент... Ѕвездите ги има насекаде кај нас, во трпезаријата, во дневната соба, во кујната, како и во спалната соба.
Украсете мала маса или количка со примамливи пијалаци, десерти, печива или новогодишни украси.
Новогодишните и божиќните перници не мора да се со Дедо Мраз или други традиционални новогодишни мотиви. Јас користев прекрасни минималистички перници кои асоцираат на овие празници, а не се со Дедо Мраз иако се едноставни во дизајнот, тие се многу украсни и добивате прекрасна божиќна атмосфера.
Перниците и белото плетено ќебе ми се фаворит мене и веќе имаат трајно место на софата.
Направете убава новогодишна трпеза во модерен стил. Оваа година на трпезариската маса доминира златната круна свеќник, кој го одвлекува целосно вниманието.
Ги повторив сите бои од дневната соба и во трпезаријата. Ја украсив масата едноставно таму каде што симетрично се поставуваат садовите и прибор за јадење додека декорот е поставен заедно во средината на масата, тоа создава почист и поедноставен израз.
Повторувајќи бои и форми, создадов рамнотежа и убава целина.