Како сцена од бајка: Вистинска новогодишна магија во стан во Скопје (фото)
Стилизирам во различни височини за да создадам движење и возбуда. Салфетките се поставуваат лесно во триаголник над садовите со мала златна топка, како убав украсен елемент. Чаршафот за масата е во бела боја со испакнати дезени од самиот материјал што создава убав контраст на останатите детали златни, зелени. Чаршафот ми е на списокот за омилени детали.
Измешајте различни предмети и текстури за да создадете живот. На пример, груб ленен чаршаф за маса против сјаен сад, прибор за јадење.
Јас всушност ја сакам природата и преферирам природна елка и природни зелени гранки., но секако одличен совет е да се користат вештачки зимзелени гранки, венци и растенија како украс.
Загрејте го скандинавскиот стил додавајќи свеќи, лед светла, лампиони или светлосни сијалички за да создадете пријатна атмосфера за стилизирање.
Исто така, големо значење има и каминот во студените денови, тоа е место каде што се опуштам максимално. Оваа година акцент дадов на венецот изработен од природно зеленило со шишарки, а секако тука се и ѕвездите во различни големини, коишто одлично ја надополнуваат сликата крај распламтениот камин.
Упатство како да создадете модерен и рустикален стил:
- Елементи од природата како што се зимската зелена боја, шишарки, гранчиња, анасон, мов и дрво.
- Користете бои како што се зелена, бела, беж, и златна боја.
- Меки ткаенини како што се кожа, ќебиња, перници, постелнина.
- Златни детали во месинг.
- Свеќи, ЛЕД светла, фенери или светлосни ланци за да создадете топлина и атмосфера.
- Закачете гранка од таванот како прекрасен украсен елемент и на неа додадете лампиони, колачиња, зеленило како и сијалички, но секако да не ги заборавиме и ѕвездите, така создавате волшебна атмосфера.
- Бидејќи сум еден од оние кои започнаа рано со новогодишниот и божиќниот стил, сакам да започнам со неутрален стил, а потоа да додадам некои црвени детали поблизу до Бадник, за да создадам дополнителна божиќна атмосфера.
- Украсете шкафче или кујнска маса со новогодишни украси.
Повеќе фотки од домот на Боро:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело