На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото)
- Детали
- сабота, 24 октомври 2020
Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека домот е приказ на нашата душа, па затоа во нејзиниот дом преовладуваат топлите бои. Од розова кујна до розови ѕидови, ѕирнете во него…
Ива Крстевска Бакулев има 27 години и е магистер на правни науки, моментално судија – поротник при Апелационен суд Битола.
Во уредувањето на нејзиниот дом доминираат розовата и жолтата боја.
Таа ни открива детали за овој храбар избор:
„Идејата за уредување на ентериерот започна со самата изградба на нашата куќа заедно со мојот сопруг. Отсекогаш сум имала некој свој уникатен стил кога станува збор за уредувањето на домови.
Сметам дека домот на секој поединец, секое семејство е приказ на неговата душа и рефлексија на неговите чувства, искажана преку боите кои преовладуваат во тој дом.
Љубител сум на топлите бои, тоа може да го видите на нашите ѕидови кои се две контрастни бои, темна розова т.е. циклама и жолта и сива боја која ги смирува тие тонови.
Омилен дел секако ми е кујната, таму се направени многубројните вкусни рецепти и така започна и приказната за мојот блог за храна на мојот Инстаграм профил, каде што преовладуваат рецептите.
Кога сликам некоја храна што сум ја приготвила за да го споделам рецептот, секогаш гледам да биде доловен и домот во позадина. Често добивам прашања од типот, кој ви го уредуваше домот, дали тоа беше архитект, дизајнер итн., но одговорот е дека целиот труд е мој, концептот, боите.