Во домот на Кате од Битола: „Цвеќињата ми се омилените детали во домот“
- Детали
- сабота, 29 август 2020
Розовите цвеќиња нејзината мала тераса ја претвораат во совршено место за пиење на утринското кафе. На гости кај Кате од Битола...
Катерина Јовановска (34) од Битола преку фотографии ни дозволува да ѕирнеме во нејзиниот дом.
За CRNOBELO.com, таа открива од каде идејата за уредувањето:
„Желбата за уредување и декорација ја имам уште од мала, а главна причина е тоа што сѐ сакам да биде скоцкано и на свое место.
Кога го купивме станот со сопругот,уредувањето ми беше предизвик за да создадеме удобен и функционален дом.
Омилен дел во домот ми е дневниот престој, кој е со отворен стил на уредување и најголемиот дел од времето го поминуваме тука. Мебелот е изработен по мерка и сѐ е заедничка замисла со сопругот, а другите детали се мое задолжение. Уредувањето одеше чекор по чекор и секој детаљ си го доби постепено местото.
Повремено сакам да правам мали промени со нови украси, рамки за слики, перничиња и слично. Исто така сум голем љубител на цвеќиња и тие ми се од поомилените детали во домот.