Бајковитиот „Le Chateau De Frontenac“ е најфотографираниот хотел на светот
- Детали
- петок, 05 јули 2019
Овој величествен хотел се градел многу години, заштитен е од УНЕСКО, а во него престојува и кралицата Елизабета кога оди во Канада.
„Le Chateau De Frontenac“ е легендарен хотел во Квебек, Канада. Има историска архитектура со многу кули, одлична локација и изгледа величествено.
Направен е во 19-тиот век и прогласен е за наследство на УНЕСКО. Тој уште во минатото важел за луксузно место за сместување на богатите туристи.
Неговите врати официјално се отворени во 1893 година, но дополнителни кули се градени во годините што следуваат. Централната е изградена во 1924.
Има прекрасен поглед кон градот. Има 18 катови и располага со повеќе од 600 соби, а во него престојува и кралицата Елизабета кога оди на посета во Канада.
Се смета за најфотографираниот хотел на светот.
Погледнете како изгледа:
С. С. | Црнобело