Искуства од прва рака: Како изгледа навистина животот во мала куќичка?

Наместо да земате огромен кредит за стан или голема куќа, кој ќе го исплаќате 30 години отсега и ќе ви предизвикува стрес, градењето на мала куќичка ќе ви биде кратка забавна авантура.

iskustva-od-prva-raka-kako-izgleda-navistina-zhivotot-vo-mala-kukjichka-01.jpg

И додека ние во Македонија ќе си го „продадеме и бубрегот“ за некој метар квадратен плус, во светот сè поголем е бројот на луѓето кои големите станови и куќи одлучуваат да ги заменат со мали куќички на тркала.

Тие се еко пријателски и не се скапи и затоа се одличен избор за живот.

Негативни страни:

Сепак носат предизвици како недоволно простор за складирање или пак проблеми со чистење на тоалетот. Луѓе кои живеат на овој начин откриваат дека понекогаш е стресно да се биде во толку мал простор.

Плус, најверојатно нема да имате толку многу гости како порано затоа што нема да можете да им го понудите истиот комфор, особено во зимските месеци.

Гардеробата ќе треба добро да ја селектирате и да го оставите само најнеопходното. Ќе размислите два пати пред да ставите мермер во куќичката затоа тоа што важна е и нејзината тежина, па ќе избирате полесни материјали за во ентериерот.

Брзо се прави хаос и при готвење внатре веднаш сè се замирисува.

Позитивни страни:

Сепак, живејќи во нив штедите многу и имате можност комплетно да си ги прилагодите според вашите желби и потреби со многу малку финансии. Нема да плаќате скапа рата за кредит, а изградбата на овој дом ќе ви биде забавна авантура која ќе трае неколку седмици, а не долгогодишно измачување со мајстори.

Прилагодливи се, па можете да ги поставите каде сакате и една седмица да живеете на планина, а следната покрај езеро.

Плус, малиот простор ќе ве натера да минувате многу време надвор и животот на отворено ќе ви донесе многу здравствени придобивки. Ќе се зближите со семејството практикувајќи активности во природа.

Лесно се чисти и можете да готвите на отворено.

Од 2013 година се појавија многу реални шоуа кои го промовираат живеењето во мали куќички, како што се Tiny House Nation и Tiny House Hunters. Овој начин на живот е особено актуелен во САД, каде веќе има и законски регулативи, кои го поттикнуваат тоа.

 Идејата е одлична, па зошто да не ја примениме и кај нас?

Како изгледа животот во малите куќички:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Гарнер го покажа домот каде што Бен Афлек „се криеше“ пред разводот со Лопез - оаза од 8 мил... Гарнер ја изгради куќата во Лос Анџелес по разводот со Афлек пред 6 години - ток...
Претворете го балконот во мала кујна со помош на идеи од Pinterest (фото) Корисници на Pinterest споделуваат фотографии од своите домови и како тие го уре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg