Шармантна колиба од само 7.5 метри квадратни за идеален одмор на планина
- Детали
- четврток, 12 октомври 2017
Кога постои силна желба да се направи нешто, лесно се наоѓаат начини како тоа може да се оствари.
Фотографката Ала Пономарева и нејзиниот сопруг Гарет отсекогаш сонувале за мала, планинска куќичка, а пред некое време, сонот конечно им се исполнил.
Тие, со помош на дизајнерот Дерек Дидриксен, направиле интересна дрвена колиба во форма на буквата „А“, и тоа за само 3 недели, а за овој проект потрошиле околу 700 долари.
При изградбата користеле рециклирани материјали и делови кои веќе ги имале, како рамки за прозорци и лим за покрив.
Куќичката е со површина од околу 7.5 метри квадратни и има сé што е потребно за краток одмор од секојдневието.
Погледнете како изгледа оваа преслатка дрвена колиба опкружена со зеленило, создадена за мир и уживање:
М. В. | Црнобело