Шик хотел во Париз создаден за сите љубители на книгите

Кој љубител на литературата не би сакал да му носат книги директно во хотелската соба?

shik-hotel-vo-pariz-sozdaden-za-site-ljubiteli-na-knigite-01.jpg

Париз отсекогаш претставувал лулка на книжевноста и уметноста севкупно, па денешниот Le Pavillon Des Letres е шик хотел инспириран токму од книгите.

Хотелот има 26 соби и секоја од нив носи име на некој познат писател – Жан Жак Русо, Вирџинија Вулф итн.

Во собите има извадоци од познати книги напишани на ѕидовите, а гостите во секое време може да нарачаат книга која ќе им биде донесена во нивната соба.

Хотелот е сместен во типична Париска населба, опкружен со кафулиња и бутици.

Во холот има полици исполнети со книги кои гостите може да ги читаат додека се топлат на каминот.

Погледнете како изгледа овој прекрасен „книжевен“ хотел во еден од најубавите градови во светот:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...
Во домот на Тео од Скопје: Шик уреден стан во кој се спојуваат бохо и скандинавскиот стил со најнова... „Дневната соба е срцето на домот, отворен простор поврзан со два ходника и отвор...
Предлог места во Македонија за продолжен викенд (каде може и да преспиете) Продолжените викенди се посебен тип на уживање, зарем не? Особено ако ги минеме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg